Ова се топ 10 земји со највисок БДП во светот

- Advertisement -

Постојат многу начини да се измери и да се спореди големината на економиите, но споредбата на БДП по жител се уште останува еден од најточните и проверени методи.

БДП по жител е економската моќ на една земја поделена со бројот на население и ефективно го дава просечниот БДП по жител. Колку е повисок БДП по жител, генерално, толку се повисоки и примањата на луѓето, поголема консумација и повисоки стандарди на живот.

- Advertisement -

Поради едноставноста на оваа метрика исто така е корисна за економистите и креаторите а политики за да ги комуницираат состојбите во економијата на една земја со јавноста.

Ова се топ 10 земји со највисок номинален БДП во светот за 2023 година:

- Advertisement -

1.Луксембург – 132.370 долари
2.Ирска – 114.580 долари
3.Норвешка – 101.100 долари
4.Швајцарија – 98.770 долари
5.Сингапур – 91.100 долари
6.Катар – 83.890 долари
7.САД – 80.030 долари
8.Исланд – 75.180 долари
9.Данска – 68.830 долари
10.Австралија – 64.960 долари

Луксембруг, Ирска и Норвешка се меѓу топ три на листата со над 100.000 просечен БДП по жител. Луксембург е клучен финансиски центар во Европа, Ирска е седиште на многу мултинационални компании, а Норвешка е еден од најголемите извозници на енергија во регионот.

- Advertisement -

(Visual Capitalist)

(фото: ccnull.de)

Сподели!
- Advertisement -