Coca-Cola лансира нов пијалак со вкус на „искуствени поени“ од видео игра

- Advertisement -

Откако минатата година лансираше ограничени изданија на пијалаци со вкусот на вселената, музиката, пикселите и соновите, брендот за безалкохолни пијалаци Coca-Cola сега го претстави својот нов вкус инспириран од „искуствените поени“ (+XP) во видео-играта League of Legends на компанијата Riot Games.

Пијалакот Coca-Cola Ultimate ќе биде базиран врз безшеќерната верзија Coca-Cola Zero Sugar, меѓутоа засега останува непознато по што всушност ќе се разликува овој нов, би рекле апстрактен, вкус од оригиналот, односно со какви состојки ќе биде комбиниран. Амбалажата на пијалакот, пак, е инспирирана од препознатливиот брендинг на играта League of Legends, комбинирајќи нијанси на црната, златната и сината боја.

- Advertisement -

„Оваа соработка со Riot Games ни овозможува да продолжиме да ја подигнеме платформата Coca-Cola Creations со сосема нов вкус што ја зајакнува нашата заедничка мисија да ги ставиме фановите и играчите во преден план на сè што правиме Coca-Cola Ultimate, нашата седма креација на Coca-Cola, носи неверојатен дизајн, го отклучува вкусот на +XP за играчите на нивното патешествие и го подобрува нивното играчко искуство“ – објаснува Оана Влад, директорка за глобална стратегија во The Coca-Cola Company.

Со цел дополнително промовирање на пијалокот ќе бидат додадени неколку нови предизвици во играта League of Legends, преку чие исполнување играчите ќе можат да отклучат специјални Ultimate емоции.

- Advertisement -

Пијалакот ќе се пласира на пазарите во САД, Канада, Кина, Јужна Кореја, Латинска Америка и Африка.

Извор – Маркетинг 365

Сподели!
- Advertisement -