Како апликацијата на Никола Велковски инкасираше 200.000 долари од продажба за само 4 дена?!

- Advertisement -

Се случи голем успех за македонската креативна и иновативна сцена! HeyReach, македонска алатка за автоматизирана комуникација на LinkedIn успеa да реализира продажба од скоро 200.000 долари за само четири дена. Производот го купија над 1.100 клиенти од цел свет преку платформата на AppSumo – глобален пазар за дигитални продукти.

Ова е интегралното обраќање на авторот Никола Велковски:

Денес ќе ви раскажам кратка приказна да производ кој навистина пополни еден јаз на пазарот. Беше лансиран на AppSumo и стана најпродаваниот производ на таа платформа и навистина солидна оценка за погодност за пазарот на еден ран производ – и тоа за само 4 дена.

- Advertisement -

Се уште не можам да поверувам какви резултати имавме на кампањата на AppSumo. Знаев дека градиме нешто што навистина им треба на луѓето и немаше друга таква алтернатива на пазарот, но воопшто не очекував дека ќе оствариме продажба од речиси 200.000 длари вредни лиценци (тоа се над 1.100 HeyReach профили – над 3000 LinkedIn седишта), за само 4 дена.

Пред да продолжам со блогот, сакам да им честитам и да оддадам признание на целиот тим на HeyReach, 15 исклучително талентирани луѓе кои направија се за да го оствариме тоа. Сево ова е поради вас, тиму!

- Advertisement -

Резултати од лансирањето на AppSumo

•190.080 долари вкупна продажба

- Advertisement -

•95.040 нето приходи (делиме 50-50 со AppSumo)

• 1.117 вкупно продадени лиценци

• 34 рефундирани лиценци (3% стапка на откажување)

• над 95% од сите продадени лиценци беа од највисок ранг

• 33 оценки со по 5 тако (сите оценки што ги добивме беа по 5 тако)

• 9.01% стапка на конверзија

• најпродавана алатка на платформата

На крајот на февруари ја лансиравме бета верзијата на HeyReach, напредна алатка која е продолжена рака на LinkedIn и е наменета за агенции и тимови.

После двегодишно искуство на тој пазар и откако испробавме се на пазарот, заклучивме дека нема алатка која навистина ги задоволува потребите на агенциите и тимовите за продажба.

Лансирањето на бета верзијата помина одлично, собравме многу фидбек, но се уште немавме кклиенти кои ни плаќаа и немавме потврда дека тоа што го правиме е добро. Кога на крајот на март ја лансиравме нашата верзија која се наплаќа, одлучивме целосно да се фокусираме на моменталниот успех што го имавме и целосно да се насочиме кон раст базиран на продажба. Фокусирајќи се главно на генерирање на интерес кај луѓето и на допирање до што поголем број (продажба на HeyReach преку HeyReach), со продажен тим од само четворица (вклучувајќи ме и мене) успеавме да скалираме до речиси 10.000 долари предвиден месечен приход за само 77 дена.

Во декември 2022 година Ведран Расиќ (исклучителен претприемач, основач на LeadDelta) ме поврза со тимот на AppSumo за да дискутираме за потенцијална промоција на HeyReach на нивната платформа. Се уште ја немавме лансирано алатката, немавме почетна валидација и врз основа на повратот на инвестицијата кој прогнозиравме  дека ќе го оствариме, после дискусии со тимот, одлучивме да не соработуваме. Но, после бета лансирањет во февруари 2022 година, и почетниот интерес кој го забележавме, Алекс, одговорен за партнерства во тимот на AppSumo, повторно ме контактираше со навистина интересна понуда – да го лансираме HeyReach на нивниот настан SumoDay 2023, само во текот на четирите дена колку што трае настанот. Веројатно го забележал потенцијалот на HeyReach (ти благодарам Алекс).

За тие што не знаат, SumoDay е најголемиот настан на AppSumo, каде што AppSumo има трипати поголем интерес од луѓето во споредба со остатокот од годината. После долги преговори со тимот на AppSumo и максимален труд од двете страни, конечно дојдовме до решение за 50-50 подлеба на приходите и морав веднаш да го потпишам договорот за партнерство, во 2 часот наутро. Во тој момент почнавме да се подготвуваме за лансирањето и веднаш почнавме да работиме заедно со тимот на AppSumo. Бев одушевен од нивната организација и нивните испробани и докажани процеси.

Да скратам, ги имплементиравме сите опции за кои се согласивме, им помогнавме со содржините и се организиравме за големиот настан.

• Sumo Day: Како да се надминеш себеси

Сериозно го сфативме SumoDay. Одлучивем да организираме процеси за корисничка поддршка и за односи со јавноста (присуство во заедницата и да пренасочиме сообраќај кон нашиот производ на AppSumo), но не сакавме да сопреме со развојот на портфолиото или да имаме јаз во генерирањето интерес и во продажбата.

Го третираве лансирањето на AppSumo како маркетинг кампања, но навистина сериозно го сфативме затоа што првиот впечаток што ќе го оставите во заедницата е тоа што ќе ве следи во текот на целото постоење на компанијата. Заедницата на AppSumo е навистина паметна и ме потсетува на заедницата на Reddit. Тие знаат што е добар производ и сакаат да ги поддржат, но се навистина строги во критериумите и ако на кој било начин немате успешно ланирање, тоа може да биде крајот на вашата компанија #TheRageOfTheSumolings.‍

Знаевме дека не смееме да потфрлиме и дека мора да го понудиме најдобриот производ и најдоброто искуство. Очекувавме да генерираме околу 500 продажби и одлучивме да го структурираме нашиот тим за корисничка поддршка. Искуството ми вели дека одличното корисничко искуство и искрената грижа за корисниците се клучни за успех во кој било бизнис.

Мими, нашиот најнов член на тимот (која работи на проверка на квалитет и корисничка поддршка од лансирањето) беше главна кога станува збор за корисничката поддршка и заврши одлична работа.

Сите билети кои доаѓаа до Intercom поминуваа преку неа. Потоа, врз основа на прашањата на клиентите, беа поделени на:

База на знаење

Цврсто веруваме во документирањето на се (иако понекогаш не сме толку ажурни).Сите прашања кои може да се одговорат од нашата база на знаење беа пренасочувани кон соодветното прашање. Ако во базата немаше информации кои одговараат на прашањето на клиентот, рачно ги одговаравме прашањата и потоа ги документиравме во базата на знаење.

Тим за развој

Ако клиентот имаше проблем со активирањето на лиценцата, ако имаше грешка во системот или техничко прашање, нашиот тим а развој брзо одговараше. На пример, Стефан и Томислав рачно активираа над 300 лиценци во текот на лансирањето.

Тим за раст

Ако корисникот имаше прашање за тоа како да направи нешто со алатката, беше пренасочуван кај Илија или кај мене и ние го решававме проблемот.

Нашата цел беше да одговориме на сите прашања на клиентите најдоцна за 10 минути и ако имаше технички проблем, да го решиме за неколку часа. Еве како изгледаше тимот во текот на лансирањето на HeyReach:

Јас работев на ПР сегментот (Илија ми помагаше) и затоа најчесто одговарав на прашањата и оценките на страницата на AppSumo и на заедниците на Facebook. Обединивме над 30 заедници на Facebook, доделивме три награди, направме два вебинари во живо, се обидовме речиси моментално да одговориме на сите прашања и во период од тие 4 дена разговаравме со над 1.000 луѓе. За време на лансирањето на AppSumo запознав многу фини луѓе и стекнав многу пријатели и поддржувачи.

Ме одушеви фактот дека администраторите на групите навистина сакаат да ти помогнат да го пренасочиш сообраќајот на твојата страница и прават се што можат за да ти помогнат со своите совети и трикови. Тие LTD заедници се навистина топли и 100% ви препорачуваат да бидете активни и да разговарате со нив, а тие ќе ве водат во вистински правец.

Што научивме?

AppSumo е одличен начин да добиете валидација за производот и за позиционирањето. Не гледајте на тоа како на начин за заработка (иако можете да добиете една добра инјекција на средства), туку како на начин да проверите како се вклопува вашиот производ на пазарот.

Осигурете се да лансирате нешто што навистина ќе го сакаат луѓето, добро да го анализирате секој чекор и насоката во која се движи компанијата, како и да биде постојано присутни во заедницата (бидете активни, приклучете се на групи и разговори на Facebook, обидете се да одговорите на се, да делите награди, да правите вебинари, да учествувате во вебинар на AppSumo).

Однесувајте се со сите кклиенти со најголема почит затоа што тоа се луѓето кои ќе ви помогнат да го усовршите производот и ќе ве слаедат на вашето патување. Бидете фокусирани на клиентите брзо реагирајте, но исто така бидете храбри и држете се до вашата визија и цел. AppSumo може да биде пресуден момент за вашата компанија, па затоа потрудете се да дадете се од себе и сфатете го многу сериозно.

Исто така, не заборавајте дека не завршува се со AppSumo и не очекувајте дека лансирањето ќе ви ја заврши целата работа наместо вс. Сфатете го AppSumo како кикстартер за компанијата – искористете го моментот, продолжете да се ангажирате во заедницата, останете доследни на она што се го ветиле.

Ако лансирањето на AppSumo помине добро, имате потврда дека во рацете имате производ за кој постои реална потреба на пазарот. Играјте мудро, работете многу повеќе од петходно и ќе се најдете на вистинскиот пат. Ние моментално собираме средства и планираме да го извлечем најдоброто од ангажирањето на заедницата и на корисниците. Целта ни е да ги претвориме корисниците од AppSumo во супер клиенти и во бренд амбасадори за HeyReach – луѓе кои ќе го шират зборот за нас во заедниците.

Огромно благодарам со целиот тим на HeyReach што направиме еден одличен производ, што дадовте 110% од себе во се што правиме и што обезбедивме незамисливо искуство за нашите корисници.

Сево ова ви го должам вам! Мој длабок наклон!

Посебно благодарам за Ведран Расиќ, Алекс Кинг, Фелипе Арангуиз и за сите луѓе кои помогнаа во овој процeс и не поддржаа со своите совети!

Сподели!
- Advertisement -