Кинески научници направија цврста, но флексибилна керамика

- Advertisement -

Кинески истражувачи ја направија првата керамичка супстанција во светот која може да се витка како метал. Ова достигнување може да ја подобри изработката на вештачки зглободи и колкови и перформансите на моторите.

Пред ова откритие се веруваше дека флексибилноста на керамиката и нејзината цврстина си противречат една на друга и дека ако нешто керамичко е поцврсто, не може да биде и флексибилно.

- Advertisement -

Чен Кексин, научник кој се занимава со истражување материјали, вели дека новиот материјал е првиот случај научниците да успеат да направат нешто поцврсто и полесно истовремено. Новиот материјал ја има цврстината на керамика и флексибилноста на метал.

„Оваа нова керамика може да донесе технолошка револуција во многу индустрии“ вели Чен, кој работи како професор на Катедрата за инженеринг и материјални науки при Националната фондација за природни науки во Кина.

- Advertisement -

На 27 октомври минатата година тој и неговите колеги ја објавија својата студија во весникот Science. Меѓу комемнтарите на други научници за ова откритие, Ерка Франкберг од Универзитетот Тампере во Финска вели дека оваа иновација може да донесе развој на материјали кои ќе бидат многу полесни и поцврсти од најдобрите метални легури кои ги имаме денес.

„Уште откога ја почнав мојата кариера пред околу 30 години имаше разни истражувања за керамиката. Денес можеме да речеме дека конечно направивме нешто револуционерно на тоа поле“ додава Чен.

- Advertisement -

Чен и колегите направиле наностолбови со две различни кристални формации коирстејќи силиконски нитрид. Кога надворешна сила влијае на кристалната структура, може да се смени во друг тип. Тоа му овозможува на материјалот да се свитка пред да се врати во првобитната форма. Супстанцијата може да биде особено корисна за правење аеронаутички мотори. Керамичките материјали се трајни, лесни и толеирраат високи температури. Моторите направени од флексибилна керамика би можеле да работат на значително повисоки температури и да понудат многу поголема енергетска ефикасност отколки типичните мотори направени од метални легури.

Освен тоа, еден керамички мотор ќе може да развива поголема брзина отколку моторот од метална легура затоа што е полесен. Новата керамичка супстаницја ќе може да се искористи и во моторите за автомобили. Керамичкиот мотор може да има помал резервоар за антифриз затоа што керамичките материјали имаат супериорна издржливост на високи температури во споредба со металните легури. Повисоките температури на согорување на керамичките мотори ќе овозможат поголем погон и помало загадување на околината.

Чен вели дека нивните експреименти покажале дека можат новооткриениот керамички материјал да го произведат во поголеми количини и дека ќе има ценовна предност во производството на скапа опрема.

(Interesting Engineering)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -