Македонскиот BtoBet со две нови општествено одговорни акции

- Advertisement -

Македонската ИТ компанија BtoBet продолжува да ги потврдува своите континуирани заложби за негување на општествено одговорни практики. Во текот на месец јуни, компанијата ја спроведе својата втора по ред крводарителска акција во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвен Крст на Република Северна Македонија. Вработените во компанијата, од кои некои долгогодишни дарители, а некои за првпат, даруваа крв и дадоа свој хуман придонес за поддршка на здравствениот систем и тековните потреби за снабдување со крв и трансфузија.

„Навистина сме горди што реализиравме уште една успешна акција за дарување крв, и тоа благодарение на несебичното ангажирање на нашите вработени и сега веќе партнерството со Институтот за трансфузиона медицина. Како што истакнавме и по првата акција, целта е да изградиме традиција на крводарување и постојано да придонесуваме на овој благороден начин“, изјави Љупка Ивановска, Координатор за човечки ресурси во BtoBet.

- Advertisement -


Посветени на намалување на јаглеродниот отпечаток

Покрај крводарителските акции, а како дел од својата компаниска политика за одржливост, BtoBet презема проактивни чекори за намалување на јаглеродниот еколошки отпечаток и зачувување на животната средина. Минатиот месец компанијата зеде учество во уште една еко-акција во соработка со Кајак.мк за пошумување на предел во земјата кој беше уништен од масовните пожари во околината на Свети Николе. Тимот од преку 100 вработени засади 1000 нови дрвца, покрај минатогодишните 1500 садници во регионот на Куманово.

- Advertisement -

„Посветени сме да водиме со пример и да покажеме дека одржливите деловни практики не само што се можни, туку се и суштински за долгорочен успех. Особено нѐ прави среќни што со нагласување на овие компаниски вредности привлекуваме и задржуваме вработени кои се истомисленици и кои искрено се грижат да направат разлика“, додаде Ивановска.

Сподели!
- Advertisement -