Meta го олеснува надзорот над децата на Instagram

- Advertisement -

Meta почнува со многу битна надградба на безбедноста и почнува да воведува нови алатки за родителски надзор на апликациите Messenger, Facebook и Instagram. Целта е да им овозможи на родителите и законските старатели многу повеќе контрола над начинот на кој нивните тинејџери комуницираат преку овие апликации.

Алатките на Messenger ќе бидат сместени во нова категорија за родителски надзор, каде што корисниците ќе можат да дознаат колку време нивните тинејџери поминуваат на платформата, да добиваат известувања секој пат кога ќе додадат некој нов во контакти и да одредат кој може да им испраќа пораки.

- Advertisement -

Родителите можат да ги ограничат дојдовните пораки само на птријателите на нивните деца, на пријатели на пријатели и на никого. Исто така, ќе можат да контролираат кој може да ги види приказните на нивните деца и да бидат известени секогаш кога некој ќе се пријави на конкретниот профил. Тинејџерите можат сами да сменат некои од безбедносните поставки, но ако го направат тоа, нивните родители и старатели ќе добијат известување за скеоја промена.

Ова најпрвин ќе биде достапно во САД, Обединетото Кралство и во Канада, а се планира проширување на повеќе земјиширум светот во текот на наредните месеци. Подоцна Meta повторно ќе го надгради и Messenger со додавање алатки за управување со времето во рамките на родителскиот надзор.

- Advertisement -

Категоријата за родителски надзор во Instagram исто така добива ажурирање слично на Messenger за Meta да ја подобри транспарентноста меѓу тинејџерите и нивните родители.

Моментално платформата на родителите им прикажува кои профили ги следи нивното дете, како и кои профили гоо следат детето. Оваа алатка се проширува за да ги прикаже сите заеднички пројатели кои може да ги имаат тие профили со тинејџерот. Исто така, кога малолетникот ќе блокира некого, ќе се појави известување кое препорачува да до доддат својот старател за да помогне во надзорот на профилот.

- Advertisement -

Meta нова опција за приватност на Instagram во која луѓето мора прво да испратат покана пред да можат да испраќаат какви било пораки. Тие покани ќе бидат ограничени на текст, без слики, видеа и слично. Не е познато дали сите ќе можат да ја пробаат или само одреден број луѓе, но се надеваме дека наскоро ќ биде глобално лансирана. Опцијата Quiet Mode, пак, на Instagram, која ги исклучува известувањата, ќе биде пуштена во употреба во други земји во наредните недели.

(Zimo)

(фото: Negative Space)

Сподели!
- Advertisement -