Постои уште една планета во нашиот Сончев систем?!

- Advertisement -

Со години трае расправата колку планети кружат во нашиот Сончев систем и кои планети ги вклучува, а сега стана уште поинтересна. Имено, меѓународен тим од истражувачи во новата студија навести постоење на уште една, досега неоткриена планета. Како што велат во трудот, кој ќе биде објавен во списанието MNRAS Letters, вселенскиот објект со големина на планета може да се сокрива во Оортовиот облак, сферично подрачје кое го опкружува Сончевиот систем, а за кое се смета деа сокрива различни ледени објекти.

Се смета дека динамичната нестабилност меѓу џиновските планети е речиси сеприсутна и дека кулминира со осфрлање на една или повеќе планети во меѓуѕвездениот простор, појаснуваат истражувачите. Откриле дека дел од планетите кои инаку би биле исфлрени наместо тоа се заробени во многу широки орбити како кометите во Оортовиот облак.

- Advertisement -

Тоа би можело да ја објасни чудната гравитациска сила која навидум ги привлекува орбитите на Уран и Нептун. Досега научнциите теоретизираа дека станува збор за „Планета Х“, која постои во Куиперовиот појас. Но., научниците истакнуваат дека својата теорија уште не можат да ја докажат. Имено, нивната смулација покажале дека постојат 7% шанси дека еден леден џин е заробен во Оортовиот облак. Освен тоа, ниедна мисија која луѓето ја испратиле во вселената уште не успеала да дојде до Оортовиот облак.

(Dnevnik.hr)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -