Meta се подготвува да ја лансира својата верзија на Twitter наречена Instagram Threads, а според описот во App Store, ќе излезе на 6 август за iOS, додека за Android уште ме е потврдено, иако очекуваме истовремено да биде достапна за двете платформи.
Вака ја опишуваат аоликацијата во App Store: „Threads е место каде што заедниците се собираат за да дискутираат за се – од теми кои ве интересираат денес до она што ќе биде во тренд утре. Што и да ве интересира, можете да го следите и директно да се поврзете со вашите омилени креатори и со други кои сакаат исти работи како вас. Или можете да изградите сооствени верни следбеници за да ги споделите со светот сопствените идеи, мислења и креативност“.
Споре фотографиите објавени на продавницата на Apple, може да се види дека ќе можете да се логирате преку својот профил на Instagram, што значи дека Threads на некој начин ќе биде интегриран во Instagram.
(Vidi.hr)
(фото: App Store)