3 јули е најтоплиот ден забележан досега на Земјата

- Advertisement -

Изминатиот понеделник, 3 јули, беше најтоплиот ден досега забележан на глобално ниво. Според податоците на американскиот Национален центар за предвидување на околината NCEP, просечната глобална температура на 3 јули била 17,01 степени Целзиусови и го надминала рекордот од август 2016 година со 16,92 C.

Јужните држави на САД последните неделни се наоѓаат под интензивна горештина. Во Кина продолжи топлтолниот бран со температури над 35 степени Целзиусови, а Северна Африка забележа температури околу од 50 C.

- Advertisement -

Дури и на Антарктикот, каде што моментално е зима, беа забележани ненормално високи температури. Украинската истражувачка база Вернадски на аргентиснките острови во Антарктикот неодамна забележала температурен рекорд од 8,7C.

„Ова не е пресвртница која треба да ја прославуваме. Тоа е смртна пресуда за луѓето и за екосистемите“ вели климатологот Фредерика Ото од Институтот за климатски промени и околина Грантам при британскиот Кралски колеџ во Лондон.

- Advertisement -

Научниците велат дека за тоа се виновни климатските промени во комбинација со појавата на метеоролошки случувања поврзани со промените во климата во тропите наречени Ел Нињо.

„За жал, најверојатно, ова ќе биде само првиот во низа рекорди поставени годинава затоа што се поголемата емисија на јаглерод диоксид и стакленичките гасови заедно со Ел Нињо ги подигнуваат температурите на нови рекорди“ вели Зеке Хаусфатер, научник од Беркли.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -