Ова лето вработените можеби чувствуваат повеќе топлина поради тоа што цело време користат лаптопт на плажа и повеќе работат отколку што се сончаат. Зимата донесе многу токази во различни индустрии, каде што остана помалку работна сила, а се поголемата инфлација дополнително ги оптовари паричниците на луѓето.
Поради недостигот на работници, тие што останаа во компаниите сега имаат поголе товар. Со помала потрошувачка моќ, сега потрошувачите ги оптоваруваат своите буџети за да си дозволат одмор и патување.
Според извештајот на платформата за истражување на пазарот Harris Poll и софтверската платформа за човечки ресурси Ceridian, 67% од вработените во САД годинава мислат дека не можат да си дозволат одмоат. Повеќе од 1/3 велат дека тоа е така затоа што патувањата се премногу скапи поради инфлацијата, а 32% велат дека имаат премногу работа или нема кој да ги замени ако се отсутни од работа.
Истражувањето на Elvtr покажало дека работниците го жртвуваат годишниот одмор во сите индустрии – од софтвер и ИТ до здравствена заштита, финансии итн. Исто така, не е прв пат работните обврски да го попречуваат користењето на одморот. Минатата година истражувањето на компанијата Korn Ferry покажало дека 63% од професионалците изјавиле дека би го скратиле одморот за да се прилагодат на потешките работни обврски. И до крајот на првата година од пандемијата на КОВИД-19 најголем дел од Американците си го скратија слободното време.
Друго истражување на Ceridian покажало дека 87% од работниците чирум светот почувствувале еден вид на прегорување во текот на минатата година. Затоа, битно е вработените да знаат како да се исклучат од работата. Еве три стратегии на финансискиот експерт од Ceridian, Мишел Бонам, кои вработените можат да ги искористат за навистина да се исклучат од својот професионален живот.
- Имајте контакт за итни случаи
Пред да заминете на одмор, дајте му на својот менаџер број на телефон или други контакти за итни случаи. Тоа не е само поради нив, туку и поради вас, вели Бонам. Не мора постојано да го проверувате имејлот или пораките.
2. Одредете носител на одлуки
Именувајте некој кому му верувате да го преземе носењето одлуки во ваше отсуство за проектите да не се оддолжуваат додека сте отсутни.
3. Прифатете дека некои работи ќе се случат
За навистина да се исклучите од професионалниот свет, Бонам вели дека мора да сфатите дека проектите ќе продолжат да се движат и дека на крајот секако ќе пропуштите нешто во канцеларија. Таа додава дека треба да се обидете да ги завршите битните задачи пред да заминете, да им го соооштите статусот на вашите проекти на соработниците и да го затворите лаптопот за да уживате.
(Bizlife)
(фото: Wikimedia)