Сателитите на Илон Маск го попречуваат истражувањето на вселената

- Advertisement -

Попречувањето предизвикано од човечки активности и технологијата може да ги спречат астрономските набљудувања, па не е ни чудо што тие објекти главно се градат далеку од градовите, на тихи, мрачни, оддалечени места. Но, сега постојат нови пречки во форма на сателитски констелации.

Во текот на последните неколку години SpaceX лансираше мали сателити во орбитата кои можат да обезбедат брз пристап до интернет во региони кои не се покриени со стандардна инфраструктура или безжични мрежи.

- Advertisement -

После некое време откриено е дека интернет сателитите почнале непрекинато да оставаат светли траги на сликите од телескопите, а SpaceX се обиде да го поправи тоа така што идните сателити ги направи помалку рефлектирачки, но проблемите не исчезнуваат.

Сега научници од Институтот Макс Планк го идентификуваа новиот проблем. Го користеле телескопот Low Frequency Array (LOFAR) за набљудување на 68 Starlink сателити за да се измерат видовите радиосигнали кои кои произведуваат и како тоа може да влијае на астрономските набљудувања на LOFAR и другите радиотелескопи.

- Advertisement -

Тие открија не само радиосигнали кои сателитите ги користат за комуникација, туку многу од нив исто така емитувале ненамерно електромагнетно зрачење од својата вградена електроника.

Со LOFAR откриле зрачење од 110 до 188 MHz од 47 од вкупно 68 сателити кои се набљудувани. Овој фреквенциски распон вклучува заштитен појас од 150,05 и 153 MHz кој Меѓународната унија за комуникација посебно го додели на радиоастрономијата.

- Advertisement -

Тимот вели дека поголем проблем е тоа што технички SpaceX не крши никакви правила со оглед на тоа дека не постојат меѓународни прописи кои го регулираат овој вид на зрачење.

Истражувањето е објавено во списанието Astronomy & Astrophysics.

(Vidi.hr)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -