AI четботот на компанијата Google наречен Bard доби нови можности и функции. Дел од најновата надградба е проширено лингвистичко знаење, нијансирана контрола на одговорите и можност за одговор со изговарање на зборовите од текстот. Се на се, AI четботот сеха може да разговара на над 40 јазици.
Корисниците можат да разговараат со Bard на арапски, кинески, германски, шпански, англиски итн., но и да пристапат до платформата од повеќе места во светот, односно од Бразил и поширок дел од Европа.
„Додека како што поминува времето го носиме Bard во повеќе региони и на повеќе јазици, продолжуваме да користиме сопствени AI принципи како водич за вклучување повратни информации од корисниците, а преземаме и мерки да ја заштитиме нивната приватност и податоците“ велат од Google.
Bard сега буквално може да зборува, а корисниците ќе можат да читаат и да слушаат одговори кои ги генерира овој AI четбот. Во Google веруваат дека тоа многу ќе помогне во ситуации кога корисниците сакаат да го чујат точниот изговор на зборовите. Корисниците, исто така, имаат на располагање повеќе контроли над тоа колку Bard ќе биде пријателски настроен благодарение ан пет опции за неговиот тон на говор: едноставен, долг, краток, професионален или опуштен. Меѓутоа, овие опции засега се достапни само на англиски јазик, иако веќе работат на проширување на останатите јазици.
Четботот доби и нови мултимодални очи и стекна способност за анализирање фотографии кои се ставаат во четот, што е побрз и полесен начин отколку прикачувањето документи. Корисниците можат да побараат информации за содржината на фоготрафиите или да генерираат содржини како опис. И оваа опција моментално е достапна само на англиски јазик.
(Klix.ba)
(фото: Pexels)