Американската Агенција за храна и лекови пред неколку дена објави дека контрацептивните пилули Opillа ќе бидат достапни без рецепт за жени од сите возрасти. Агенцијата во соопштението рече дека одобрението рече дека за одобрение на првата пилула без рецепт на американскиот пазар ќе помогне за ублажување на препреките за жените во пристапот до контрацепција.
Производителот Opilla рече дека најверојатно ќе биде достапна во слободна продажба на почетокот на 2024 година, но уште не е позната цената. Докторите велат дека таблетата, која содржи само прогестин, често е позната на мини пилула и е безбеден облик ан контрацепција затоа што не содржи естроген, што значи дека има помалку нуспојави и ризици по здравјето. Најчестите нуспојави на Opilla вклучуваат нередовно крварење, главоболки, вртоглавица и мачнина.
Со ова САД се приклучи на над 100 земји во светот кои овозможуваат слободна продажба на контрацептивни пилули, вклучувајќи најголем дел од земјите во Латинска Америка,како и Индија, Кина и Велика Британија.
Кога се користи според упатството, дневната орална контрацепција е безбедна и се очекува дека ќе биде поефикасна од моментално достапните контрацептивни методи без рецепти во спречувањето на несаканата бременост, велат од Агенцијата за храна и лекови.
Некои научници ја изразија својата загриженост за тоа дали младите жени и жените со ограничена писменост можат да ги разберат упатствата, како и тоа да не се земаат пилулите ако имаат рак на дојка.
Експертите велат дека жените, а посебно тинејџерките се сретнуваат со низа препреки во пристапот до услуги врзани а репродуктивното здравје, вклучувајќи го и недостигот на здравствено осигурување и тешкотиите во пронаоѓањето превоз за прегледи кај лекар. Жените, понекогаш, се соочуваат и со стигмата и срамот кога се обидуваат да набават контрацептивни пилули. Во САД некои истражувања открија дека речиси половина од бременостите се непланирани.
(Zimo)
(фото: Flickr)