ЕУ до 2030 година мора да заштеди најмалку 11,7% енергија

- Advertisement -

Европратениците ги одобрија плановите со кои се поставуваат нови цели за заштеда на енргија до 2030 година во рамките на Европскиот зелен договор. Новиот закон, кој пред да стапи на сила треба да го усвои и Советот на министри, ги утврдува целите за штедење и примарната и финалната потрошувачка на енергија во ЕУ, соопштија од Европскиот парламент.

Наведуваат дека членките на ЕУ заедно ќе мора да обезбедат намалена потрошувачка на енергија за најмалку 11,7% на ниво на Унијата до 2030 година во однос на проекциите од референтното сценарио за 2020 година. Таа цел ќе ја следи робустен механизам за мониторинг и спроведување за да се осигура дека членките ги остваруваат националните придонеси на кои се обврзани со целите на ЕУ.

- Advertisement -

Прецизирано е дека членките треба да заштедат во просек 1,5% енергија до 2030 година. До крајот на 2025 година ќе се почне со заштеда од просечно 1,5% годишно и прогресивно ќе достигне 1,9% до крајот на 2030 година.

Целите за штедење ќе бидат остварени и преку локални регионални и национални мерки во различни сектори, на пример, во јавната администрација, зградите, компаниите…

- Advertisement -

Европратениците инсистираат дека шемите за штедење посебно го покриваат јавниот сектор, кој ќе мора да ја намали финалната потрошувачка за 1,9% годишно. Членките на ЕУ, исто така, треба да осигураат дека секоја година најмалку 3% од јавните згради ќе се реновираат во згради кои имаат нулта потрошувачка на енергија или нулта емисија на гасови.

Директивата поставува и нови барања за ефикасни системи за далечинско греење. Известувачот Нилс Фуглсанг вели дека енергетската криза уште не еготова и дека ЕУ во наредните седум години мора да ги изврши потребните структурни промени. Клучно е повеќе да не зависиме од руските енергенси и во иднина, вели Фуглсанг.

- Advertisement -

(Beta)

(фото: Store Norske Leksikon)

Сподели!
- Advertisement -