Prime Blue Institute во партнерство со Универзитетот за информатички науки и технологии (УИСТ) – Св. Апостол Павле, објавува повик за сите компании кои работат на технолошки решенија кои се фокусираат на решавање на некои од предизвиците за одржливост.
Учесниците во оваа специјализирана акцелераторска програма ќе добијат индивидуално прилагодена тренинг програма, менторство од домашни и интернационални експерти и можност да аплциираат за грант до 50,000 евра. Грантовите се обезбедени од проектот EU4EG и се однесуваат за оние компании кои ги исполнуваат нивните критериуми за финансирање.
Учесниците во акцелераторот ќе имаат можност да ги подобрат своите способности во клучни области како што се развој на одржлив бизнис модел, интернационализација, развој на технологија, пристап до финансии, пристап до клиенти и инвеститори, итн. Покрај тоа, во рамки на програмата ќе бидат организирани повеќе настани на кои учесниците ќе можат да ја престават производите и услугите. Сите компании кои се дел од акцелераторот ќе имаат пристап до ново опремен, модерен работен простор во просториите на УИСТ. Предност имаат компании со седиште во Југозападниот регион и се во фаза на развој.
Повеќе информации: OPEN CALL_Ohrid Blue Economy Accelerator
Линк за аплциирање: https://forms.gle/bfKAAmzVPa4zzhjH9
*Ohrid Blue Economy Accelerator е поддржан од проектот EU4EG, кофинансиран од Делегацијата на Европската Унија и германското Сојузно Министерство за економски прашања и климатски активности (Bundesministerium für Wirtschaft und Klimaschutz). Проектот е имплементиран од ГИЗ Северна Македонија во партнерство со Научниот парк „Ареа“ и поддржан од БМВК и Централноевропската иницијатива (ЦЕИ).