Кина ја претстави најмоќната алатка во светот за хиперсонична технологија и истражување на вселената

- Advertisement -

Кинезите објавија видео на кое се гледа, како што тврдат, најмоќниот воздушен тунел во светот – JF-22. Видеото прикажува тестирање на одвојување на вселенско летало лансирано со матичен авион во воздух. Видеото беше емитувано на 13 кинески телевизии и во него се демонстрира мотор со кос детонациски бран со голема брзина или scramjet.

Дизајнот на вселенското летало на снимката личи на претходните концепти за вселенски летала и матични бродови кои ги претставија кинеските воздухопловни компании и академски институции. Меѓутоа, останува неизвесно дали тие дизајни се директно поврзани. Конфигурацијата на леталото прикажано во видеото има карактеристики на концепт за двостепено вселенско лансирање во орбита.

- Advertisement -

Двостепените системи за лансирање во орибта вклучуваат матичен авион кој го носи вселенското летало на голема висина во орбитата, пред да биде лансирано во вселената со сопствен погон, честопати со користење на ракетни мотори. Таквите системи нудат поголема флексибилност и пократко вреем за подготвока во споредба со традиционалните ракети за вселената. Исто така, го прошируваат распонот на локации за лансирање, потенцијално дозволувајќи лансирање од постојните воздушни бази или аеродроми.

Водителот на проектот за тунелот JF-22,Џианг Зонглин, тврди дека двостепените концепти за лансирање во орбитата може да ги намалат трошоците за лансирање сателити и вселенски летала за дури 90%. Кинеските власти покажаа интерес за користење на овие концепти за комерицјален транспорт, туризам и други примени.

- Advertisement -

Воздушниот тунел JF-22 ќе поддржува тестирање на дизајните на гипероснични оружја и ќе помогне во развојот на идните хиперсонични летала. Воздушниот тунел JF-12, кој е претходник на JF-22, е користен за тестирање на хиперсонични возила DF-ZF без погон, а во меѓувреме еволуираше во оперативен хиперсоничен проектил DF-17.

Ова видео од JF-22 ја нагласува растечката кинеска инфраструктура за тестирање големи брзини, која игра клучна улога во поддржувањето на хиперосничните и напредните амбиции на Кина во вселената.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Twitter)

Сподели!
- Advertisement -