Откријте ја моќта на медитеранската исхрана

- Advertisement -

Медитеранскиот начин на исхрана важи за еден од најздравите којшто позитивно влијае врз квалитетот на нашиот живот. Бројни истражувања говорат дека токму медитеранската исхрана овозможува подолг и поквалитетен живот, поздраво срце, заштитува од дијабетес тип 2 и поттикнува нормална функција на дигестивниот систем. 

Основата на оваа исхрана се состои од овошје, зеленчук, житарки, јаткасти плодови, грчки јогурт и квалитетни млечни производи, риба и морска храна. Во летниот период е идеална за консумирање затоа што истовремено го подобрува здравјето и помага во намалување или пак, во одржување на телесната тежина.

- Advertisement -

Како дел од менито на традиционалната медитеранска исхрана, грчкиот јогурт игра голема улога во забрзување на метаболизмот и зајакнување на имунитетот. Овој тип на јогурт е богат со протеини, калциум, калиум, витамините Б6 и Б12 – со важни хранливи материи што всушност се и суштината на медитеранската исхрана.

Нутриционистите посочуваат дека грчкиот јогурт има значајни придобивки по здравјето, го стимулира варењето, помага во одржувањето на здрави коски и заби, го намалува крвниот притисок и штити од болести.

- Advertisement -

Грчкиот јогурт е здрав и вкусен млечен производ којшто во последниот период станува сѐ повеќе популарен кај младите и возрасните лица. Може да се комбинира со различна храна и со секој оброк – за појадок, ужина, ручек или вечера. Редовното консумирање на грчки јогурт во медитеранската исхрана воспоставува рамнотежа во организмот и благотворно делува на психичкото здравје.

На пазарот се достапни производи од овој тип, во практично пакување од три големини – 150 гр, 400 гр и 700 гр на брендот Грекос. Кремастиот и богат вкус на Грекос е совршен избор за збогатување на секој појадок, ужина или вечера. Може да се консумира самостојно – за вистинско кремасто задоволство, или да се комбинира со овошје, јаткасти плодови и житарки, како и да се користи за вкусни креми, десерти и ужини. Грекос е практичен за ужина во сите прилики, како и за правење интересни рецепти.

- Advertisement -

Летово направете позитивна промена и откријте ја моќта на медитеранската исхрана!

Сподели!
- Advertisement -