Како што пишува New York Times, Google тестира нова технологија за вештачка интелигенција со кодното име Genesis, која може да генерирани новинарски написи, а веќе имаше демонстрација за раководителите на Washington Post и News Corp, кои го поседуваат Wall Street Journal.
Genesis може да направи копија од податоците кои му се доставени, било да се работи за актуелни настани или други видови информации и од тоа да направи сиже или целосен напис според сопствен или зададен избор. Во Google не сметаат дека Genesis може да ги замени луѓето новинари, туку дека тие може да го користат како еден вид на асистент за автоматизација на задачите и филтрирање информации.
Google забрзано воведува вештачка интелигенција со цел да држи чекор со компанијата OpenAI, која ја поддржува Microsoft. Нивната генеративна вештаќка интелигеницја Bard имаше лош почеток кога прошири дезинформации, па сега побавно ќе ја имплементираат за информациите за јавност.
(Vidi.hr)
(фото: Pexels)