Levi’s ги претстави првите фармерки од растително потекло!?

- Advertisement -

Како дел од активностите за одбележување на својот 150. роденден, американскиот моден бренд Levi’s ја претстави новата верзија на своите иконични фармерки 501 создадени од најмалку 97% материјали од растително потекло.

Новите фармерки “Plant-Based 501” се изработени од 100% сертифициран органски памук, одгледан без синтетички пестициди и со минимална потрошувачка на вода. Со исклучок на конецот за шиење, етикетата и металните додатоци, сите компоненти на фармерките се добиени од растителни извори.

- Advertisement -

Покрај овие фармерки од органски памук, брендот претстави уште два еко-модели на фармерки: Selvedge 501 – создадени од комбинација на памук и коноп, односно Circular 501 – создадени од памук и рециклиран материјал од стари фармерки.

Од компанијата се надеваат дека новите еко-фармерки ќе бидат катализатор за промени во модната индустрија. Додека брендовите се трудат да ја намалат зависноста од синтетички материјали добиени од фосилни горива, еколошките модели на Levi’s покажуваат како одржливоста и стилот можат да коегзистираат.

- Advertisement -

Извор – Маркетинг 365

Сподели!
- Advertisement -