Австралиски научници развиваат вештачка интелигенција која ќе се спојува со мозокот

- Advertisement -

Додека во јавноста се уште се води расправа за тоа дали вештачката интелигенција е добра или лоша за светот и како да се регулира, a притоа да не се ограничува нејзиниот развој, една група научници отиде чекор напред.

Научници од австралискиот Универзитет Монаш веќе долго навреме работат на развој на човечки мозочни клетки на силициумски чипови. Успеаја да одгледаат 800.000 мозочни клетки во сад и да ги научат да ја играат едноставната компјутерска игра Pong.

- Advertisement -

Но, сега сакаат да направат нешто уште понапредно. Во рамките на новата истражувачка програма, која ја води извонредниот професор Адел Рази од Тарнеровиот институт за мозок и ментално здравје, сакаат да одлгедаат човечки мозочни клетки и да се спојат со вештачка интелигенција во т.н. синтетичка биологија.

Како што опишува професорот Рази, истражувачката програма ќе ги користи мозчните клетки одгледани во лабораторија вградени во силициумски чипови и така да се спои вештачка интелигенција и синтетичка биологија за создавање компатибилни биолошки компјутерски платформи.

- Advertisement -

Оваа нова технолошка способност во иднина би можела да ги надмине перформансите на постоечкиот хардвер кој се базира само на силициум. Исходите од таквото истражување би имале значителни импликации на повеќе полиња како што се планирање, роботика, напредна автоматизација, интерфејс мозок-машина и откривање лекови, но не се ограничуваат на тоа, што на Австралија ќе и даде значајна стратешка предност, вели Рази.

Дека има нешто во тоа говори и фактот дека дека успеале да осигураат речиси 600.000 австралиски долари државна поддршка за тоа истражување. Проектот доби средства затоа што, како што објаснуваат, новата генерација на примена на машинско учење, како што се автономните дронови, автомобили и камиони, роботите за достава, интелигентните рачни и преносни уреди, бараат нов вид на машинска интелигенција која може да учи во текот на својот животен век.

- Advertisement -

Целта на проектот да се одлгедаат човечките мозочни клетки во лабораториски сад, наречен DishBrain систем, за да се разберат различните биолошки механизми кои се во основата на целоживотното непрекинато учење.

(Zimo)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -