Илон Маск го ребрендираше Twitter во Х

- Advertisement -

Сопственикот на Twitter, Илон Маск, го смени познатото лого на компанијтата во X, како дел од ребрендирањето на брендот на Тtwitter, Од вчера доменот X.com ги пренасочува корисниците на почетната страница на Тwitter.

Маск, кој оваа платформа ја купи за 44 милијарди долари минатата година, а сега во објава на мрежата напиша дека наскоро ќе му кажат збогум на брендот, додека ребрендирањето на мобилната апликација уште не е започнато.

- Advertisement -

ТРанзицијата од Twitter во X е дел од визијата на Маск за претворање на платформата во она што тој го нарекува апликација за се. Извршната директорка на Twitter, Линда Јакарино, во неделата објави дека X ќе биде фокусирана на аудио, видео, пораки и плаќање. Таа додаде дека платформата исто така ќе има интегрирана вештачка интелигенција.

Компанијата ја почна транзицијата во X во април годинава, која го сменија името од Twitter Inc. во X Corp.. Маск, кој е извршен претседател на одборот и главен технички директор, вчера изјави дека твитовите сега ќе се викаат „x’s,” иако Маск рече дека се уште нема концепт за сите промени кои треба да се случат.

- Advertisement -

Во неделата Маск напиша на Twitter, дека му се допаѓа буквата Х и тој негов афинитет не е нешто ново за што доказ е и неговата друга компанија SpaceX, како и новиот стартап за вештачка интелигенција што го лансираше неодамна – xAI.

(CNBC)

- Advertisement -

(фото: Twitter)

Сподели!
- Advertisement -