Топењето на алпските глечери ги откривa нивните трагични тајни

- Advertisement -

Глечерот Теодул, како и останатите глечери на Алпит последните години видливо се намалуваат. Човечките посмртни остатоци пронајдени на глечер недалеку од швајцарскиот Матерхорн припаѓаат на германски алпинист кој исчезнал во 1986 година, а тоа откритие е само една од долго чуваните тајни на алспките глечери кои поради климатските промени се откриваат затоа што се топи мразот.

Телото на почетокот на овој месец го пронајдоа алпинисти кои го преминувале глечерот Теодул, откако забележале алпинистички чевел како се стрчи под мразот. Анализата на ДНК покажа дека станува збор за германскиот алпинист којнисченал пред повеќе од 37 години. За него имало опсежна потрага и акција за спасување, но не го нашле.

- Advertisement -

Полицијата не го открива неговиот идентитет, а потврдуваат само дека кога исчезнал имал 38 години.

Глечерот Теодул, како и останатите глечери на Алпите последните години забележливо се намалуваат. Теодул е дел од скијачкиот регион Цермат, кој е највисок во Европа и е активен цела година. Се до 80-тите години на минатиот век Теодул уште бил поврзан со глечерот Горнер, но сега се раздвоени.

- Advertisement -

Речиси секое лето мразот кој се топи од глечерите открива нешто и некој кој исчезнал пред повеќе децении. Така, минатата година од глечерот Алеч се појавија остатоците од авион кој се срушил во 1968 година.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -