Осега човештвото живее на еколошки кредит

- Advertisement -

Денот на еколошкиот долг, односно датумот кога годишната побарувачка и потрошувачка на природни ресурси го надмина сето тоа што Земјата може да го произведе или да го обнови во текот на целата година оваа година се одбележува денес, односно 2 август.

Ова се случува затоа што во атмосферата емитуваме повеќе јаглерод диоксид отколку што можат да апсорбираат нашите океани и шумите, ги исцрпуваме залихите на риба побрзо отколку што можат да се обноват и ги сечеме шумите побрзо отколку што можат да пораснат нови, изјавија од WWF Adriа, една од најголемите и најугледните независни организации за заштита на природата.

- Advertisement -

Оттаму предупредуват дека последиците се екстремно високи топлотни бранови, шумски пожари кои не може да се контролираат, разорни поплави и драматични суши, кои се почесто се јавуваат ширум светот.

Global Footprint Network, меѓународната непрофитна мрежа која ги обединува научниците и експертите од 70 светски непрофитни организации, секоја година го пресметува Денот на еколошкиот долг. Додека тој ден глобално се одбележува денес, на 2 август, во земјите од соседството пристигна дста порано – во Словенија на 18 април, во Црна горва на 13 мај, во Хрватска и во БиХ на 29 мај, во Србија на 8 јули, а во Албанија ќе се случи на 3 ноември. Кај нас тој ден пристигна на 7 јуни.

- Advertisement -

Тоа значи дека живееме на кредит и одземаме од природата што треба да ја користат идните генерации, велат од WWF Adriа. За помалку од 8 месеци човештвото годинава ги потрошило ресурсите што требало да ги троши цела година, предупредуваат од WWF Adriа. Додаваат дека трендот во последните 5 години благо се смирува, но дека тешко е да се рече колку тој е поттикнат од забавувањето на економиите, а колку е резултат на напорите за декарбонизација.

(Dnevnik.hr)

- Advertisement -

(фото: Wallpaper Flare)

Сподели!
- Advertisement -