Младите се иселуваат незадоволни од можноста за работа и заработка, разочарани од системот

- Advertisement -

Со куфери на аеродромите и меѓуградските автобуски станици, младите на пат кон подобар живот. Образованието, инфраструктурата, невработеноста се дел од причините за големото иселување на младите од земјава.

Сите општини ги „губат“ младите сили, само Липково има пораст на населението од 2 отсто, вели Петар Барлакоски.

- Advertisement -

„Кога би направиле споредба со пописот од 2002-та година вкупниот број на млади изнесува 24% од вкупниот број на население, додека пак сега според пописот во 2021-та година тоа е 18%, што претставува пад од 6%. Меѓутоа освен овој податок она што треба дополнително да се земе предвид дека 77.000 млади луѓе кои што биле родени во оваа држава повеќе не се резиденти што повторно укажува на тоа дека младите во се поголеми бројки за жал ја напуштаат државата“, вели Петар Барлакоски претседател на Младински образовен форум. 

„Ако секаде во светот паролата за пописот гласи да обезбедиме податоци за иднината тогаш иднината дефинитивно останува на младите, што значи дека податоците што ги собравме треба да се употребат, да се искористат таа иднина да биде многу подобра за нив. Овие податоци покажаа многу лоши тенденции за жал младите ја напуштаат државата.Меѓутоа до скоро 20 години не го знаевме ова, или го гледавме а не сакавме да го видиме“, вели Апостол Симовски директор на Државен завод за статистика.

- Advertisement -

Социјалниот,културниот, образовниот,еконосмкиот фактор ги тера поголем дел од младите да ги избираат урбаните наместо руралните средини. Па затоа ако сакаме да ги задржиме младите во земјата треба да им понудиме можности, иднина и квалитетен живот, сметаат познавачите.

„Колку платите се пресудни за задржување на младите зо земјава? Во истражувањето таа тема конкретно не е обработена но сепак кога ги прашуваме младите што е една од важните прашања тие го посочуваат вработувањето . Во нашата земја има пад на невработеноста но сепак сме далеку од европскиот просек“, вели Дона Костуранова директорка на ВФД за Македонија.

- Advertisement -

„Мал дел од општините издвојуваат 0,1 % од своите буџети за млади и сметаме дека ова треба ургентно да се промени. Дел од причините кои што доведуваат до ваква позиција е тоа што законот за млади не содржи рокови во кои што општините треба да ги исполнат обврските кои што законот им ги дава и затоа треба еден заеднички напор“, вели Катерина Шапкова Коцевска автор на студијата за „Финансирање на младинските политики“.

Со поразителни бројки се одбележува и овогодинешниот меѓународниот ден на младите 12ти август.

Извор: telma.com.mk

Фото – Wallpaper Flare

Сподели!
- Advertisement -