Извозот на ИТ услуги од Србија достигна 1,3 милијарди евра

- Advertisement -

Во првите три месеци од оваа година регистриран е извоз на ИКТ секторот од Република Србија во вредност од 786 милиони евра, а проекциите се дека вкупниот извоз на овој сектор ќе надмине 3 милијарди евра.

Според извори во ИТ индустријата извозот во првите пет месеци оваа година надминал 1,3 милијарди евра што е за 41% повеќе од истиот период претходната година. Претставниците на српската влада на презентација на програмата “Дигитална Европа“ во научно-технолошкиот парк во Белград потенцираа дека во последните 7 години секторот на информатички и комуникациски технологии стана еден од трите клучни мотори за развој на домашната економија.

Минатата година извозот на ИКТ услуги достигна рекорд од 2,7 милијарди евра што е пораст од 45% во однос на 2021 година.

- Advertisement -

Проектот „Дигитална Европа“, со проценета вредност од околу 7,5 милијарди евра, дополнително може да го забрза развојот на овој иновативен сектор затоа што пристапот до финансии на ЕУ може да понуди и до 100% покривање на трошоците. Како што е најавено, ќе бидат обезбедени средства за секторите на вештачка интелигенција, напредни дигитални вештини и развој на дигитални капацитети. За финансирање на проекти може да аплицираат компании и граѓани со седиште во Србија, а програмата предвидува и учество на напрофитни здруженија, компании, невладини организации со посебен фокус на мали и средни компании.

Фото – Pixnio

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -