Првата руска мисија на Месечината по речиси 50 години не успеа

- Advertisement -

Руски вселенски брод се урна на Месечината, објави Рокосмос. Првата руска мисија на Месечината по речиси 50 години не успеа, соопшти руската вселенска агенција.

Руската вселенска агенција Роскосмос во неделата соопшти дека нејзиниот вселенски брод Луна-25 се урна на Месечината откако излезе од контрола. Вселенската агенција Роскосмос во саботата соопшти дека се случила „ненормална ситуација“ за време на маневар во кој била вклучена сондата.

- Advertisement -

Станува збор за авион без екипаж. Леталото требаше да слета во понеделник како дел од мисијата за истражување на дел од Месечината за кој научниците веруваат дека може да содржи замрзната вода и скапоцени елементи.

Фото – Wikimedia Commons

Сподели!
- Advertisement -