Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,04% во однос на одлуката од 14.8.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната
пресметка бележат во просек зголемување кај бензините за 2,556%, кај дизелот има намалување за 2,350%, кај екстра лесното масло намалување за 1,609% и кај мазутот намалувањето е за 1,910%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната
пресметка е повисок за 0,34%
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,567 ден/кг и сега ќе изнесува 46,025 ден/кг.
Од 22.8.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98
90,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)
80,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)
80,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 46,025 (денари/килограм)
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 22.8.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат
цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.