Вештачката интелигенција стана омилена играчка на новите генерации. Тоа поттикна многу популарни апликации, меѓу кои и WhatsApp, да тестираат воведување на AI во својот систем. Сега една од најпопуларните апликации доби и надградба која може да биде многу интересна, но и корисна.
Најновото ажурирање на WhatsApp за Android донесува алатка која е базирана на вештачка интелигенција, која на корисниците, меѓу другото, им овозможува и правење на стикери или налепници.
Кога ќе ја изберете опцијата „Налепници“ ќе забележите копчке „Креирај“. Со кликнување на копчето се отвора тастатура на која можете да внесете каква сакате налепница која сакате да ја направи вештачката интелигенција. Налепниците потоа можете да ги користите за допишување со други корисници.
Функцијата креирање и споделување на AI налпеници е достапна за многу ограничен број корисници на најновото ажурирање на апликацијата WhatsApp. За поширок број корисници вештачката интелигенција во апликацијатабќе биде достапна во текот на наредните неколку недели.
(Index.hr)
(фото: Pixy.org)