Тропските шуми ќе се загреат толку што ќе им опаднат лисјата

- Advertisement -

Додека глобалните температури растат, тивка криза се случува меѓу бујните крошни на тропските шуми. Во вчудовидувачко откритие група научници откриваат дека лисјето на тие шуми е на работ на опстанок. Станува збор за нов шокантен развој на настаните, во кој зеленото срце на нашата планета се соочува со закана без преседан.

Имено, мал дел од лисјето на тропските шуми моментално го преминуваат критичниот температурен праг кој ја оневозможува нивната фотосинтеза, што на крајот довеудва до нивна смрт. Предвидувањата се базирани на моделирање и експерименти и покажуваат деа процентот на лисје зафатени со новите климатски последици експоненцијално расте во тандем со ексалацијата на локалните температури.

- Advertisement -

„Предвидуваме целосно изумирање на лисјата. Кога би се случило тоа, би било страшна пресвртница“ нагласува Кристофер Даути од Универзитетот на Северна Аризона и еден од авторите на новата студија објавена во списанието Nature.

И покрај тоа, резултатите на истражувањето на тимот на Даути велат дека оваа пресвртна точка ќе се достигне само во екстремни сценарија на загревање на планетата, кои сега се сметаат за малку веројатни.

- Advertisement -

„Изгледа дека нема да дојдеме до тоа, но можно е“ вели Даути.

Лабораториските истраувања покажуваат дека кога лисјето од прашумите ќе достигне температура од околу 47 степени Целзиусови, клеточните механизми одговорни за искористување на сончевата енергија трпат неповратни оштетувања, што често резултира со изумирање на лисјето.

- Advertisement -

(New Scientist)

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -