На компаниите во моментов најмногу им фалат квалификувани работници, финансии и иновации

- Advertisement -

Интервју со Пенка Мукаетова, управител на КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП, консултантска компанија специјализирана за  деловно и корпоративно право, со  докажана експертиза од областа на правен и економски консалтинг

Разговараше – Верица Јорданова

- Advertisement -

Почитувана Мукаетова, за почеток како консултант кој секојдневно е во тек со економските текови и состојби во земјава може ли да дадете една генерална оценка на економската состојба и кондицијата на фирмите во земјава?
Кои се најголемите предизвици со кои се соочуваат
?

Имајќи предвид  дека позади нас се неколку тешки години за економијата воопшто, а со тоа дирекно беа погодени најголем број од компаниите, процесот на заздравување сеуште трае.

- Advertisement -

Без оглед што во последниот период фокусот беше ставен на индустријализацијата, на извозот и големи инвестиции во различни индустрии, сепак многу од секторите кои беа директно засегнати претрпеа комплетна реорганизација, во насока  за намалување на трошоцитe. Се направија многу инвестиции во обновливи извори, имајќи го предвид енормното зголемување на енергенсите, како и зголемувањето на каматните стапки, се со цел одржување на бизнисите, најмногу  за да можат да се задржат вработените и да се продолжи по некаков нормален тек на работењето.

Нешто што би потенцирала, кај најголем број на компаниите клучна е потребата од квалификувана работна сила, која исклучиво може да се моделира преку комплетно подобрување на образовниот систем, со што ќе се обезбеди задоволување на потребите на самите компании. Исто така, подобрување на иновативниот потенцијал, преку креирање на нови и иновативни производи и услуги, со што би се зголемила и конкурентноста. Децениски проблем се провлекува долгите и крути бирократски процедури, и се поголемата потреба од ефикасни административни механизми, за да се олесни работата на компаниите воопшто. Потребата од поголема флексибилност од страна на финансиските институции, во однос на обезбедување на финансиски средства, за полесен развој и раст на самите компании. Несомнено е и постојаната промена на регулативата, со што дирекно влијае на начинот и работата на самите компании, од причина што не секогаш се во можност да ги следат и да ги применуваат сите законски промени, што дирекно влијае негативно врз нивното деловно работење.

- Advertisement -

Вообичаено, пристапот до финасии е клулен предизвик за многу од бизнисите. Каква е во моментов состојбата со понуда на финансиски инструменти од една страна и ограничувањата кои самите компании ги имаат за пристап до истите?

Дефинитивно пристапот до финансии останува клучен предизвик за многу бизниси. Најголем број од финанските инструменти се обезбедуваат преку пристапните фондови и финансиските и државните институции за финансиска поддршка на компаниите, како и преку странските организации. Исто така постојат и алтернативни извори на финасирање, како бизнис ангели, crowdfunding, факторинг и слично, но сепак приматот сеуште го држат финансиските институции, преку конвенционалните начини на финасирање, односно кредитирање, најмногу преку инвестициските програми за обезбедување на кредити.

Во моментот најактуелни се финансиските инструменти кои се обезбедуваат преку Фондот за иновации и технолошки развој, Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој преку програмата ИПАРД, Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот, Агенцијата за вработување заедно со Министерството за труд и социјална политика и УНДП ја спроведуваат Програмата за самовработување, Агенција за поддршка и промоција на туризмот, Министерството за економија, Европската банка за обнова и развој, Развојната банка како и сите други финансиски институции кај нас.

За искористување на финансиските средства од пристапните фондови и институции, потребно е клиентот добро да е информиран за можностите, начинот на спроведувањето и реализацијата на самите проекти за искористувањето на средствата.

Според вас, проактивни ли претприемачите во однос на можностите кои им стојат на раполагање? Долг ли е патот од желба до акција?  

Праксата ми покажува дека постојат различни категории на претприемачи, а степенот на проактивност многу зависи и од самиот претприемач, во однос на неговиот карактер пред се, неговата подготвеност, да го започне процесот, степенот на едукација, вештини и компетенции кои ги има, за жал дури и опкружувањето и средината од која доаѓа, сеуште може да влијаее за неговата проактивност. Тука би истакнала дека имаме доста свесни преприемачи кои будно ги следат светските трендови, лесно се прилагодуваат на промените, ги прифаќаат со леснотија предизвиците, ги следат потребите на клиентите, и не се плашат да ризикуваат. Подготвеноста за брзо донесување на одлуки, брзо реагираат и дејствуваат што е многу битен фактор за успех, имајќи во предвид со какова брзина се движат промените  секаде. Претприемачи кои постојано учат и се надградуваат секојдневно, не се плашат да експериментираат со нови идеи, едноставно постојано трагаат по нови и можности и начини работа.

Патот од желба до реализација е различен за различни претприемачи. Додека едни дејствуваат брзо и ефикасно, други се помалку храбри, неодлучни, се сомневаат во себе, во системот, во својата идеја, на кои им треба повеќе време додека би се одлучиле да дејствуваат. Но и тоа воопшто не е страшно, бидејќи потребно е идејата добро да созрее, да се разработи подобро и најбитно претприемачот да биде спремен за нејзина успешна реализација.

Низ годините колку повеќе ги информиравме и им ги доближувавме потребните информации и начините на работа и спроведувањето на проектите, а со тоа и ги охрабрувавме дека ќе ги водиме низ процесите, толку повеќе се охрабрууваа да пристапаат кон одреден инструмент кој им стои на располагање, а најмногу преку реалните примери кои сме им ги предочиле како реализирани од наша страна, а се веќе успешни бизнис приказни.

Кои инструменти се најатрактивни за компаниите во моментов?

Во досегашното работење на КОНСАЛТИНГ ОИНТЕР ГРУП како акредитиран финансиски фасилитатор, најбарани биле и сеуште се програмите за поддршка на инвестициите, и тоа скоро во сите сектори,  преку  калсично кредитирање или преку грантова поддршка од пристапните фондови и институции, како и комбиниран модел, еден дел со кредитирање, друг дел преку грант. Исто така, државните програми за самовработување и субвенционирањето на работодавачи за отварање на нови работни места.

Улогата на консултантите се повеќе доаѓа до израз. Консултантството се повеќе се сфаќа како инвестција во раст и развој на бизнисот, а консултантиет стануваат вистински партнери на претприемачите. Точна ли е оваа констатација гледано од ваша перспектива, на компанија со зависно консултантско искуство?

Многу ми е драго што веќе сменета е перцепцијата во однос на ангажманот на консултант, од причина што консултантие не работат само како сервис на компаниите, туку и како нивни партнери, што им овозможуваат да ги совладаат предизвиците, да ги искористат можностите и со тоа да го подобрат својот бизнис. Посебно  тие што ги осетиле придобивките од конултатнската поддршка точно зннаат колку само  ресурси заштедиле, како време, средства и слично. Во раните фази на развој на компаниите, консултантите помагаат во изработка на стратегии, идентификување на пазарните можности, разработување на бизнис моделот во целост, како и поддршка за преземање на акции за раст на бизнисите. Особено ме радува фактот дека младите претприемачи за секој нивни деловен подвиг, се обраќаат за подршка кај консултант, како и втората генерација веќе на семејните компании се многу по отворени за соработка и прифаќаат сугестии и насоки дадени од страна на консултантите. Доколу направиме споредба со странските компани, многу сме далеку, но сепак има големо раздвижување  во однос на претходните години.

Кои консултантски услуги се најбарани од страна на компаниите?

Приматот како што кажав и претходно е сеуште високо на пристапот на финансии, но ние како консултантска компанија со веќе пет сектори, во кои се нудат голем дел на услуги, слободно можам да кажам дека подеднакво барани се заштитата на интелектуалната сопственост, сите услуги од правниот и економскиот консалтинг, изработката на бизнис планови, физибилити студии, како и делот на развојни маркетинг стратегии преку најновиот сектор за маркетинг и пр МЕДИЈА КОНСАЛТИНГ.

Ова е само дел од најбараните консулантски услуги во моментот од страна на компаниите. Секоја компанија има различни потреби во различни временски интервали и степенот на развој во кој се наоѓа, па секогаш и побарувачката е во зависност од потребите , целите и предизвиците со кои се соочуваат компаниите.

Може ли да ни наведете некои успечни примеи од пракса како ангажирањето на бизнис консултанти довело до реален раст на бизнисот? И кои се клучните научени лекции?

За дванаесет години постоење КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП има значителна бројка на основани компании, кои успешно се етаблираа на пазарот, благодарение на нашата секојдневна поддршка, како и на значителен дел од нив сме им обезбедиле финансиски средства, како за започнување на нивните бизниси, така и за нивен понатамошен развој. Морам да истакнам дека како големи поддржувачи на женското претриемништво имаме основано скоро 350 фирми само за жени, кои се во основачка или управувачка структура, дел од нив сме ги менторирале, преку најразлични програми и сме успеале да ги позиционираме добро на пазарот. Исто така во делот на обезбедување на финасиски средства, баш поради ангажманот на консултанти и водењето низ целиот процес сведоци сме на голем број на нови индустриски објекти, имплементација на модерни технолошки процеси, сместувачки капацитети и слично на голем дел компании.

Во однос на научените лекции од овие успешни случаи вклучуваат:

Соработката со консултантите како вистински партнери може да им помогне на компаниите да ги искористат нивните експертизи, а најмногу информациите за подобро управување со предизвиците и можностите.

Помагањето на компаниите да ги осмислат и имплементираат своите стратегии, процеси и производи, што може да доведе до подобро позиционирање на пазарот и раст на приходите. Идентификување на вистинската потреба на клиентите и помош да дизајнираат стратегии и производи кои го задоволуваат тоа. Исто така, преку примена на најдобрите практики, често заеднички се донесуваат одлуките баш поради фактот преку практики и искуства од други успешни компании. И најбитното континуирано учење преку најразлични форми на едукација, кои ќе придонесат нови искуства и знаења на самите претприемачи, за полесна реализација на поставените цели и  стратегии за раст.

Кои се идните развојни планови на Консултинг Интер Груп?

КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП низ годините покажа дека будно ги следи сите трендови и потребите на пазарот, за креирање на нови и нови услуги, кои ќе бидат во функција на бизнис секторот и ќе допринесе за што поголема поддршка и промоција на бизнисте како кај нас, така и надвор. Исто така и поврзување на наши компании со компании од регионот и пошироко. Токму затоа и потребата малку повеќе да се отвориме кон надвор, во преговори сме со една интернационална бизнис корпорација, како би можеле да понудиме што е можно повеќе услуги и подостапни можности за соработка и развој на нашите компании, а со тоа да допринесеме и за развој на економијатаа воопшто кај нас.

Сподели!
- Advertisement -