Поради топењето на мразот умреа 10.000 млади пингвини на Антарктикот

- Advertisement -

Експертите предупредуваат дека на Антарктикот се е забележано изумирање на до 10.000 млади пингвини од сортата император, а причината за тоа е забрзаното топење на мразот.

Мразот на кој живеат пингвините се стопил и се распаднал пред младите пингвини да успеат да развијат водоотпорни перја, кои им се потребни за да пливаат во океанот. Поради тоа приците најверојатно се удавиле или се смрзнале, BBC.

- Advertisement -

Тоа се случило на крајот на 2022 година на западниот дел од континентот, во делот кој се наоѓа над Белингсхаузеновото Море, а тоа го снимиле и сателити.

Научниците од British Antarctic Survey (BAS) со сателити го следеле мразот и развојот на пингвините преку траги од нивниот измет. Пингвините император имаат потреба од стабилен мраз од април до јануари, а јајцата ги несат од мај до јуни. Младите пингвинит не ги добиваат нивните водоотпорни пердуви до декември или јануари, поради што мора да се на цврст мраз за да преживеат.

- Advertisement -

(Reuters)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -