Климатските промени ги топат скијалиштата во Европа – можно е да ги снема речиси сите

- Advertisement -

Климатските промени се закануваат на иднината на европските скијалишта, а ново истражување утврди дека дури и машините за вештачки снег само делумно ќе можат да го надоместат недостигот од природен снег.

Имено, на околу половина од европските скијалишта им се заканува голем ризик од недостиг на снег ако просечната глобална температура порасне за 2 степени Целзиусови, се вели во истражувањето објавено во научното списание Nature Climate Change.

- Advertisement -

Во случај температурите во текот на овој век да се зголемат за 3 степени, 91% од европските скијалишта би биле изложени на ризик од премалку снег за зимските спортови. А ако температурите пораснат за 4 степени, тогаш снег нема да има во речиси сите скијалишта во Европа.

Во Европа се наоѓаат речиси половина од вкупниот број скијалишта во светот. Истражувањето опфатило 2.234 скијалишта во 28 европски земји. За глобалните напори да успеат да го ограничат глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови, како што беше предвидено со Парискиот климатски договор, само 32% од скијалиштата би биле изложени на ризик од недостиг на снег. Тој процент би се намалил на 14% до 26% со помош на вештачки снег.

- Advertisement -

Особено би биле погодени Алпите, покажуваат проекциите на истражувањето. Со глобално загревање од 3 степени, ризикот од немање снег без вештачки снег би бил 100% во германските Алпи, 94% во австриските, 93% во француските и 87% во швајцарските.

Кога глобалното затоплување би се намалило на 1,5 степени Целсиузови, што е се помалку веројатно според експертите, ризикот од недостиг на снег во германските Алпи би бил 20%, во австриските 7%, во француските 4% и во швајцарските 5%.

- Advertisement -

Скијалиштата треба да инвестираат во машини за вештачки снег, што ќе им осигура постојана залиха на снег за дел од годината. Но, некои експерти напоменуваат дека тоа ќе ја зголеми побарувачката за вода и струја, како и емисијата на стакленички гасови.

Авторите на истражувањето препорачуваат да се преиспита дали некои региони треба да останат зависни од зимскиот спортски туризам, особено ако се има предвид големата потрошувачка на вода и струја, кои веќе се оскудни во некои планински региони.

(Zimo)

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -