TCL претстави интересн телефон кој има сосема поинаков екран од другите телефони.Една од интересните нови кои беа претставени во пресрет на самитот IFA 2023 e паметнио телефон ТCL 40 NXTPAPER и TCL 40 NXTPAPER 5G. Станува збор за првиот и единствен паметен уред во светот кој нуди визуелно искуство како хартија во боја.
Технологијата за електронскиот дисплеј на TCL NXTPAPER во боја е развиена во самата компанија е ги заслужи сите пофалби на медиумите и на потрошувачите, велат од TCL Communication.
Телефоните NXTPAPER нудат поголема удобност за очите без сјаење на екранот и со многу подобра видливост во услови на силно осветлување. Во комбинација со отпорноста на отпечатоци од прсти, читањето на овој телефон е многу поголему уживање од кога било. Електронскиот екран целосно во боја доаѓа со посебно дизајниран NXTPAPER UI интерфејс и на корисниците им овозможува флексибилност меѓу приказ во боја и во црно-бело.
TCL 40 NXTPAPER има екран од 6,78 инчи, дупли звучници и 3Д звук за импресивно аудиовизуелно искуство. Има и селфи камера од 32 MP за снимање впечатливи детали и уникатни изрази со еден клик. Задниот систем се состои од три камери – 50 MP, ултраширока камера од 5 MP и макро сензор од 2 MP. Може да се пофали и со 256 GB простор за складирање и 8 GB RAM, со дополнителни 8 GB виртуелен RAM.
TCL 40 NXTPAPER 5G има екран од 6,6 инчи, 256 GB за складирање со 6 GB RAM, а директно може да се поврзе со дополнителни 6 GB виртулено проширување на RAM.
TCL NXTPAPER телефоните ќе бидат достапни во Европа по цена од 199 евра за 4G верзијата, односно 249 евра за 5G верзијата.
(Zimo)
(фото: TCL)