Десет најпродавани модели на телефони во 2023 година

- Advertisement -

Според извештајот за продажбата на поединечни модели телефони се покажа дека најголем интерес на пазарот има за моделите Apple iPhone и Samsung Galaxy. Интересно е тоа што во првата половина од годинава најпродаван телефон е еден од најскапите на пазарот – Apple iPhone 14 Pro Max.

Целосната листа со најпродавани телефони за годинава изгледа вака:

- Advertisement -

Apple iPhone 14 Pro Max (26.5 милиони)
Apple iPhone 14 Pro (21 милион)
Apple iPhone 14 (16.5 милиони)
Apple iPhone 13 (15.5 милиони)
Samsung Galaxy A14 (12.4 милиони)
Samsung Galaxy S23 Ultra (9.6 милиони)
Samsung Galaxy A14 5G (9 милиони)
Samsung Galaxy A54 5G (8.8 милиони)
Samsung Galaxy A34 5G (7.1 милиони)
Apple iPhone 11 (6.9 милиони)

Глобалниот пазар за телефони е во пад со оглед на тоа дека економската рецесија го намали бројот на продадени телефони во средна и ниска класа, додека пазарот за премиум модели е во стабилен пораст.

- Advertisement -

Интересна е полазирацијата на пазарот меѓу првите два производители. На првите две места се модели на iPhone, кои истовремено се најскапи на листата– iPhone 14 Pro Max чини околу 1.600 долари, додека iPhone 14 Pro околу 100 долари помалку. Од друга страна, напродаваните модели на Samsung, Galaxy A14 и Galaxy A14 5G, се од најниската ценовна класа – околу 200, односно 300 долари.

Сепак, најголема промена на листата е тоа што во споредба со лани, на годинашната листа нема кинески производители. Причината за тоа е што нивните телефони главно се од ниската или средната класа, кои како што веќе споменавме, доживуваат голем пар на продажбата во последната година.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -