ОКТА доделува стипендии за студентите од завршна година на додипломски студии на факултетите при УКИМ

- Advertisement -

ОКТА и годинава ја продолжува традицијата за поддршка на идните генерации, преку доделување на стипендии на студенти од техничките и природно математичките факултети на државниот Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје. Стипендиите се наменети за пет редовни студенти кои се запишани во последната година од прв циклус на студии на одредени студиски програми на следните факултети: Технолошко – металуршки факултет – Скопје, Машински факултет – Скопје Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје и Природно – математички факултет – Скопје (Институт за хемија).

Право на пријавување за добивање на стипендијата имаат сите редовни студенти кои запишуваат последна година на додипломски студии, а во претходните години имаат постигнато просечен успех од 8,5, не повторувале година во текот на студирањето, не се корисници на други стипендии, поседуваат сертификат за познавање на англиски јазик и се државјани на Република Северна Македонија. Дополнително, предност за добивање на стипендија ќе имаат кандидатите кои учествувале во вонкурикулумски активности како студентски конгреси, проекти и други активности и не се во работен однос.

- Advertisement -

Цврство веруваме дека создавањето на силни врски помеѓу бизнис заедницата и образованите институции е исклучително важно, бидејќи поддршката на младите, а особено нивниот професионален развој е наша заедничка обврска. Преку финансиска поддршка на талентираните и амбициозни студенти, веруваме дека ќе придонесеме за нивен полесен и поквалитетен образовен процес, што ќе им помогне во достигнувањето на својот целосен потенцијал и капацитет. ОКТА веќе подолг период дава континуирана поддршка за унапредување на идните генерации, преку различни програми и активности и ќе продолжи и понатаму да вложува во развојот на идните лидери, иноватори и креатори на промените во заедницата.“, изјави Марија Ставрева, менаџер за општествена одговорност и комуникации во ОКТА.

Сите заинтересираните студенти, можат да добијат повеќе информации за конкурсот на интернет страницата на ОКТА. Студентите кои што ги исполнуваат условите за добивање на стипендија ќе можат да се пријават најдоцна до 02.10.2023 година. Пристигнатите апликации ќе ги разгледува комисија составена од претставници на ОКТА и на соодветниот факултет.

- Advertisement -

Стипендиите се доделуваат во рамки на долгогодишната програма „Нова генерација“, која компанијата ја развива со цел поддршката на младите во процесот на едукација, што претставува еден од главните постулати во стратегијата за општествена одговорност на ОКТА. Како дел од програмата и во соработка со УКИМ, ОКТА досега има доделено 42 стипендии за втор циклус на студии, а повеќе од 100 студенти имаа можност за практична работа во компанијата.

Сподели!
- Advertisement -