Јапонија го лансираше најнапредниот вселенски рендгенски телескоп

- Advertisement -

Јапонската вселенска агенција JAXA вчера во вселената лансираше дупла мисија – малиот SLIM лендер кој треба да демонстрира технологија за прецизно слетување на Месечинаат и XRISM (X-Ray Imaging and Spectroscopy Mission), која во орбитата на Земјата ќе го постави најнапредниот рендгенски телескоп развиен во соработка со НАСА и Европската вселенска агенција.

Поради низата нови алатки, телескопот се смета за најдобриот рендгенски телескоп досега, а меѓу нив е и микрокалиметарскиот спектрометар Resolve со способност за мерење на малите покачувања на темепратурата кога X-зраците ќе го погодат неговиот детектор со големина од 6×6 пиксели.

- Advertisement -

Инструментот работи во средина која е дел од степенот над апсолутна нула, што е овозможено со повеќестепен механички процес на ладење во неговиот фрижидер со течен хелиум. Додека работи, инструментот може да ја мери секоја поединечна енергија од X-зраците и да дава информации за составот, движењето и физичката состојба на изворот.

Јапонските научници веруваат дека спектроскопските податоци на Resolve ќе бидат 30 пати поостри од тие на телескопот Chandra на НАСА. Може да детектира рендгенски зраци со енергија во распон од 400 до 12.000 електрон волти, за кои велат дека може да ни дадат податоци за најтоплите подрачја, најголемите структури и објектите со најсилна гравитација во вселената.

- Advertisement -

XRISM нема да биде во погон до февруари идната година, затоа што научниците во наредните неколку месеци треба да ги вклучат неговите инструменти и да ги подесат за да моѓе да работи според нивните очекувања.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -