Младите треба да преземат водечкa улогa на патот на одржливиот развој

- Advertisement -

Постигнувањето на целите за одржлив развој во светот кој брзо се менува е невозможно без поголем ангажман на сите луѓе на планетата, особено на младите, чии различни перспективи и идеи навистина можат да го поттикнат напредокот кон Агендата 2030. Како да се зголеми ангажманот на младите беше во фокусот на дискусијата организирана од Канцеларијата на постојаниот координатор на Обединетите нации во Северна Македонија и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) што денеска се одржа во Млади Хаб, во Скопје.

Во пресрет на Глобалниот собир за Цели за одржлив развој (18-19 септември 2023 година, Њујорк, САД) главната цел на оваа дискусија беше да се поттикнат иницијативи и активности меѓу младите луѓе, што би биле корисни за забрзување на имплементацијата и постигнување на целите на Агендата 2030 за одржлив развој. Барањето иновативни начини, корисни за целосната интеграција во процесите на донесување одлуки е важен чекор. Дискусијата за забрзување на одржливиот развој во контекст на Самитот на ЦОР 2023 покажа како младите можат да дадат значаен придонес.

- Advertisement -

„Агендата 2030 за одржлив развој е заедничко ветување од секоја земја за обезбедување на правата и благосостојбата на сите, на здрава и просперитетна планета. Сепак, ова ветување не се реализира на глобално ниво“, вели Росана Дуџак, Постојана координаторка на ОН во Северна Македонија. „Сега имаме круцијална шанса да преминеме од реторика кон акција и да се избориме за подобар свет. Постигнувањето на ЦОР бара и поширок општествен ангажман. Граѓанското општество и тинк-тенковите, а особено младите мора да бидат способни да ја зајакнат својата улога како застапници за промени и промотори на одговорност. Ова бара не само учество, туку и улога во вистинското одлучување, особено за младите“.

Дуџак го истакна фактот дека сите ние имаме одговорност да дејствуваме кон поголема, позелена, подобра иднина на човештвото и на нашата планета.

- Advertisement -

„„Нашата иднина е во наши раце. Тоа лежи и во рацете на денешната помлада генерација, која ќе им го предаде факелот на идните генерации”, според Агендата 2030. Улогата на младите во заедничката акција за постигнување на ЦОР е неоспорна и неопходна за внесување на нивната енергија, страст, знаења и вештини“, рече Филип Ивковски, претседател на НМСМ. „Еден од чекорите за забрзување на постигнувањето на Агендата 2030 е репозиционирање на младите и нивно пренесување од теренот на консултираната страна на нов терен како активни учесници во целокупниот процес. “

Околу 30 млади луѓе и претставници на семејството на ОН, исто така, разговараа за заложбите и достигнувањата на Северна Македонија поврзани со ЦОР од 2015 година, истакнувајќи области како што се здравството, образованието, родовата еднаквост и економскиот раст.

- Advertisement -

Присутните поставија важни прашања како што се клучните транзиции неопходни за забрзување на ЦОР, како младите можат да ги поддржат овие транзиции и како ОН и НМСМ можат да соработуваат за да го унапредат одржливиот развој во земјата.

Денешната дискусија даде можност да се обезбеди заедничко разбирање за очекувањата од претстојниот Собир, како и да се разгледаат местата и начините за заеднички придонес кон обезбедување и олеснување на клучните транзиции неопходни за забрзување на ЦОР.

Националниот младински совет е претставничко тело за младински организации во Северна Македонија, кое обединува 51 организација, 17 младински организации, 20 организации за млади, еден сојуз, седум младински крила на други организации и шест придружни членови, промовирајќи и застапувајќи ги правата на младите во земјава.

Преку Заедничката рамка за соработка за одржлив развој 2021-2025 година, семејството на ОН во земјата тесно соработува со Владата и сите други засегнати страни за унапредување на одржливиот развој, вклучително и со младите.

Сподели!
- Advertisement -