Xiaomi ја прикажа својата визија за паметен начин на живот

- Advertisement -

На вчерашната конференција која Xiaomi ја одржа во Загреб компанијата претстави широко портфолио на производи и уреди од категоријата Smart Home и lifestyle IoT. Исто така, посетителите на конференцијата дознаа повеќе за концептот Smart Living, кој како што нагласуваат од Xiaomi, во фокусот го става поврзувањето на уредите кои во нашето брзо секојдневие треба да овозможат паметен стил на живот.

На настанот посетителите можеа да се запознаат со бројни уреди од Xiaomi Smart Home сегментот, кој е поделен на шест категории: телевизија и медиуми, уреди за осветлување, апарати за во кујна, правосмукалки, амбиентални уреди и памтни уреди како камери, сензори за отворање врати и прозорци, сензори за детекција на итн.

- Advertisement -

Беа прикажани и бројни уреди од сегементот Lifestyle, кои вклучуваат категории како часовници, возила, канцелариски уреди, уреди за лична нега итн. Ова е прво претставување на Xiaomi Smart Living концептот, со кој сакаат да го прикажат широкото портфолио на IoT производи на компанијата и да овозможат на присутните од прва рака да видат како изгледа паметниот начин наживот кој го замислуваат од Xiaomi.

На конференцијата соопштија дека во вториот квартал од годинава бројот на конектирани IoT уреди на платформата Xiaomi AIoT пораснал за 24,2% во однос на 2022 година. Исто така, пораснал и бројот на корисници кои имаат 5 или повеќе конектирани уреди на AIoT платформата за 27,8% во однос на претходната година.

- Advertisement -

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Xiaomi)

Сподели!
- Advertisement -