По независните мерења на светско ниво, потврдено: Телеком ја има најдобрата и најбрзата мобилна мрежа во Македонија
Само минатата година, вложени се над 70 милиони евра во развој на мрежата и во спроведувањето на најновите технологии. Телеком ја воведе 5G мрежата минатата година и за само една година покрива 82% од населението и обезбедува гигабитни брзини. Телеком е единствениот оператор којшто испорачува гигабитни брзини на 5G мобилен интернет во повеќето градови во Македонија, вклучувајќи го и Скопје.
Најновите независни мерења на брзината, распространетоста и квалитетот на мобилната мрежа, иницирани од страна на корисниците, уште еднаш го докажаа тоа што нашите корисници веќе добро го знаат: Македонски Телеком ја има најдобрата и најбрзата мобилна мрежа во земјата со најдобра покриеност. Овие три признанија за највисок квалитет, брзина и распространетост на мобилната мрежа му беа доделени на Телеком од престижната американска компанија Ookla®, којашто е оператор на најпознатиот тест за мерење на брзината и респонзивноста на интернет конекцијата, Speedtest by Ookla.
Признанијата на Ookla® познати како Speedtest Awards™ се одраз на реалните перфoрманси на една мрежа и ги потврдуваат интернет брзините и покриеноста. Тие се наменети за оператори коишто се карактеризираат со исклучителни перформанси, врз основа на тестови иницирани од корисниците, коишто се потврдуваат со апликациите на Speedtest®. Резултатите коишто ја потврдуваат супериорноста на мрежата на Телеком се однесуваат на првата половина од 2023 година.
За најдобро покривање, при мерењето беа анализирани 50.350 локации низ Македонија. Македонски Телеком доби Coverage Score од 796, што е највисок резултат во однос на конкуренцијата. Кога станува збор за брзината на мрежата, беа направени 83.786 тестови на вкупно 19.580 уреди на корнисиците на сите мобилни мрежи. И според ова мерење мрежата на Телеком доби највисок SpeedScore™ од 116,51. Историски гледано, ваквиот резултат на мрежата соодветствува со премиум услуга и покажува врвно корисничко искуство.
„Оваа награда е потврда за нашата посветеност кон вложувањето во најсовремената и најдобра мрежа. Воедно, претставува потврда дека нашата стратегија и технолошко визионерство оди во вистинската насока и е препознаено од корисниците. А нашиот мотив е да им пружиме на корисниците врвни услуги и квалитетно поврзување, секогаш и секаде. Ние и понатаму ќе продолжиме да се фокусираме не само на одржувањето на квалитетот, туку и на проширувањето на капацитетот на нашата инфраструктура. Само така ќе им излеземе во пресрет на барањата на новото време, ќе имаме задоволни корисници и ќе бидеме двигател на дигитализацијата на општеството.“ – истакна Маја Милосавлевска Наумовска, Главен директор за техника и ИТ.
Само минатата година, вложени се над 70 милиони евра во развој на мрежата и во спроведувањето на најновите технологии. Телеком ја воведе 5G мрежата минатата година и за само една година покрива 82% од населението, а капацитетот на 4G е зголемен за дури 70%. Телеком е единствениот оператор којшто испорачува гигабитни 5G брзини во повеќето градови во Македонија, вклучувајќи го и Скопје. Бројките го потврдуваат лидерството и во делот на оптичката инфраструктура. Телеком има речиси 3 пати повеќе пристапи до оптика од сите останaти оператори на пазарот заедно – или речиси 300 000 во споредба со вкупно 100 000 на останатите оператори.
Трите признанија, односно оценката врз основа на којашто беа доделени овие признанија, е базирана на мерењата направени од мобилната апликација Speedtest со согласност на корисниците коишто ја инсталираат.
Според глобалните мерења на Ookla, застапени во нивниот Global Index, мобилната мрежа во земјата е меѓу 30-те најдобри мобилни мрежи во светот и е рангирана повисоко во однос на мобилните мрежи во Германија, Словенија, Португалија, Белгија, па дури и во САД.
(извор: https://www.speedtest.net/global-index)