Илон Маск претстави нова понапредна верзија на роботот Optimus, која може самостојно да ги контролира своите екстремитети, слично на човекот. Маск на социјалната мрежа X објави видео кое ги открива новите детали за хуманоидниот робот Optimus, кој го разви неговата компанија Tesla.
Како што пренесуваат медиумите, мултимилијардерот со претставувањето на новите можности сакал да прикаже колку неговиот робот станал способен благодарение на најновите технолошки и инженерски решенија.
Optimus сега може самостојно да ги контролира своите екстремитети, користејќи го само својот вид и другите сензори, слично на луѓето, и може, на пример, да ја одреди положбата на својата рака и зглобот за да го подигне и да преместинекој предмет, како и динамички да реагира и да се прилагоди на промената на условите. Исто така, може да стои на една нога.
Tesla прв пат го претстав и хуманоидниот робот пред повеќе од една година, на Teslа Daу за вештачка интелигенција. Маск тогаш најави дека се надева дека роботот ќе почне да се произведува до 2023 година, како и дека Optimus кога ќе биде целосно готов ќе може да прави се што не сакаат да работат луѓето.
На презентацијата на подобрената верија одредени експерти за вештачка интелигенција изразија сомнеж дека проектот Optimus ќе биде успешен, а некои од нив овој проект на Мас го сметаат за само уште еден од неговите пренадуерни предвидувања.
(N1)
(фото: YouTube)