Хрватите меѓу првите во светот тестираат дигитален пасош

- Advertisement -

Хрватска и Финска се првите членки на ЕУ кои развиваат и реализираат проекти за дигитални патни исправи. Во саботата на Цветниот плоштад во Загреб на сите заинтересирани граѓани им беше понудена можноста да го преземат дигиталниот пасош во мобилна апликација и да истражат како ќе изгледа патувањето во иднина.

Дигиталниот пасош на граѓаните им овозможува побрзо и попријатно патување при преминување граница и тоа сето тоа преку мобилна апликација и користење посебни излези на граничните премини. Технолошката фондација за користење на дигиталниот пасош е мобилната апликација Certilia, која граѓаните веќе ја користат за дигитална потврда за идентитето. Апликацијата Certilia ги има сите претпоставки за идниот дигитален паричник на ЕУ и овозможува идентификација накорисниците на највисоко безбедносно ниво.

- Advertisement -

Активацијата на дигиталниот пасош е едноставна. Довлно е да се додаде дигиталниот пасош во постојната апликација Certilia, која може да се преземе онлајн. Потребно е да се поседува електронска лична карта регистрирана во апликацијата за да се ајтивира дигиталниот пасош.

Во првата фаза од тестирањето услугата ќе биде достапна на сите Android телефон, додека IOS верзијата се очекува до крајот на годината.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -