Преку посебен фонд ќе се финансираат инвестиции за енергетска ефикасност

- Advertisement -

Собранието денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за развојна банка со кој се овозможува воспоставување Фонд за енергетска ефикасност

Собранието денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за развојна банка со кој се овозможува воспоставување Фонд за енергетска ефикасност преку кој директно ќе се финансираат инвестиции за енергетска ефикасност.

- Advertisement -

„И средствата од денеска издадените зелени обврзници во износ од 10 милиони евра ќе бидат насочени во овој Фонд за поддршка на зелени проекти“, соопштија од Министерството за финансии.

Фондот за енергетска ефикасност е предвиден да функционира како посебна организациска единица во Развојната банка, а неговото основање на долг рок, како што велат од министерството, ќе придонесе за економска и финансиска одржливост и ќе се овозможи заштеда на енергија, зачувување на природните ресурси, како и намалувањето на загадувањето на животната средина.

- Advertisement -

„Со Фондот ќе се овозможи одобрување кредити, издавање гаранции и одобрување грантови на правните и физичките лица во земјава. Почетниот капитал на Фондот за енергетска ефикасност е во износ од 5 милиони евра, обезбеден од Светската банка во рамки на Проектот за енергетска ефикасност, којшто се надополнува со средствата обезбедени преку издавањето на зелената обврзница од 10 милиони евра. Фондот во иднина ќе се надополнува и од други извори за зелени инвестиции“, велат од Министерството за финансии.

Формирањето на Фондот претставува усогласување со ЕУ директивите за енергетска ефикасност, а со цел ваквиот национален фонд да даде поддршка на националните иницијативи за енергетска ефикасност.

- Advertisement -

Извор – Мета
Фото – Wikimedia

Сподели!
- Advertisement -