А1 Македонија ја надополнува својата богата понуда во мобилната при пејд телефонија и воведува нова, уникатна понуда со која корисниците добиваат бесплатни гигабајти за секое надополнување преку апликацијата Мојот А1.
Имено, со новата при пејд понуда корисниците добиваат можноизст за бесплатен интернет во зависност од надополнетиот износ на својата при пејд картичка со што корисниците можат да добијат неверојатни 20GB бесплатен интернет со важност до 30 дена.
„Во динамичното време во кое живееме ја препознаваме важноста за постојана поврзаност која е во центарот на нашето внимание при креирање на продуктите во богатото портфолио. Оттука, ја креиравме најновата при пејд понуда со која при пејд корисниците добиваат можност за слободна комуникација со најблиските, за сурфање на омилените сајтови и социјални мрежи и која претставува уште еден доказ за нашата посветеност кон креирање иновативни продукти што носат многу повеќе вредност.Оваа при пејд понуда е дизајнирана да обезбеди флексибилност за нашите корисници овозможувајќи им да направат избор на пакет што намногу одговара на нивните комуникациски потреби”, изјави Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија.
Покрај неверојатните 20GB со важност од 30 дена, за 100 денари износ на надополнет кредит, корисниците добиваат 1GB во времетраење од 3 дена, за надополнет износ до 300 денари, корисникот добива 5GB интернет во времетраење од 10 дена и за надополнување до 499 денари корисникот добива 10GB во времетраење од 20 дена.
Бесплатниот интернет корисниците го добиваат со секое онлајн надополнување преку апликацијата Мојот А1 или преку веб страницата www.А1.mk/nadopolni-kredit. Кредитот ќе биде доделен веднаш откако корисникот ќе направи надополнување и откако ќе добие SMS-известување.
Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.