„Денови за донирање” од срце

- Advertisement -

Ви најавуваме  Денови за донирање во кои сите ќе ја искусат радоста и моќта на донирањето. Оваа иницијатива се спроведува во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“ кој работи на инфраструктура за домашна поддршка на проекти кои на транспарентен и инклузивен начин ќе се спроведуваат од граѓаните и граѓанските организации и ќе имаат континуирано позитивно влијание во заедницата.

Ја користиме оваа прилика да ги поканиме сите граѓански организации и групи на граѓани да се вклучат со свои активности за донирање во рамките на кампањата Денови за донирање бидејќи само здружените донaции можат да направат вистински промени.

- Advertisement -

За да поттикнеме што е можно повеќе луѓе да учествуваат, создадовме онлајн платформа за групно донирање Оп Оп на која ќе бидат достапни поголем број од проектите кои сакаме да ги поддржиме. Во рамки на настанот ќе имаме донаторски концерт на кој повторно ќе се обединат ѕвездите од М2 продукцијата меѓу кои Елена Ристеска, Ламбе Алабакоски како и други познати изведувачи.

Ќе биде реализирана и донаторска модна аукција со облека изработена од врвни домашни дизајнери, собирни кутии поставени околу најфрекфентните продавници и трговски центри.

- Advertisement -

„Многу важно за сите нас, како на лично така и на корпоративно ниво е да сме дел од  решенијата за проблемите во заедницата. Еден од најубавите начини за тоа е донирањето. Со деновите за донирање создаваме платформа и ги охрабруваме сите  да се вклучат инвестирајќи во подобро утре за сите. Со кампањата секоја година ќе го славиме донирањето и ќе ја негуваме културата на филантропијата.” – изјави Никица Кусиникова, извршна директорка на здружението Конект.

Деновите за донирање ќе бидат претставени преку гостувања во медиумите со цел поголема промоција на идејата и обезбедување на клима за донирање. Од страна на граѓанските организации ќе бидат организирани и координирани активности на терен како во Скопје така и во другите општини во земјата. Овие настани имаат за цел да инспирираат што е можно повеќе граѓани, граѓански организации и компании да се вклучат и да бидат охрабрени и поддржани во спроведувањето на активностите за собирање средства за проекти по сопствена иницијатива или за централниот фонд на Деновите за донирање.

- Advertisement -

Настанот e организиран во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“, спроведуван од Здружението Конект, a во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право, Стопанската Комора на северо-западна Македонија и Индиго.

Сподели!
- Advertisement -