Илон Маск неодамна најави дека неговата социјална мрежа поранешен Twitter, односно сегашен X, може да почне да наплаќа претплата од своите корисници. Како причина тогаш ги наведе ботовите, односно лажните профили кои сака да ги отстрани токму со наплатата за користење на оваа социјална мрежа.
Тогаш не откриваше многу детали за тоа кога планира да воведе претплата, како и колку ќе изнесува. Исто така, не спомена ни некои предвидувања како би де одразила наплатата на бројот на корисници, затоа што јасно е дека многу корисници ќе ги затворат своите профили и ќе се свртат кон некои бесплатни мрежи.
Сега Маск почна да го реализира својот план, и тоа на почетокот многу внимателно, почнувајќи само со две држави – Филипини и Нов Зеланд. Во текот на тест-периодот сите нови корисници кои сакаат да објавуваат содржини на таа мрежа, да допаднуваат други објави и да одговараат на нив ќе мора да платат годишна претплата во износ од 1 долар. Тие што не сакаат претплата, и понатаму ќе можат да гледаат туѓи профили и да следат луѓе, да читаат нивни објави и да гледаат видеа, но нема да можат да бидат активни, односно нема да можат да објавуваат сопствени содржини и да реагираат на туѓи објави.
Со воведувањето на наплатата на таа мрежа сака да го намали спамот, манипулацијата на платформата и активностите на ботовите. Сумата од 1 долар годишно не е голема и ќе биде интересно да се види колку од новите корисници ќе одлучат да плаќаат, а колку само ќе отворат профили и ќе бидат пасивни набљудувачи на мрежата.
(Zimo)
(фото: X)