Морска бактерија ја јаде пластиката која е тешко биолошки разградлива

- Advertisement -

Загадувањето со пластика од тешко раградливи материјали е голем глобален еколошки проблем. За среќа, постојат одредени морски бактерии кои играат улога во разградувањето на пластичните материјали, а тие бактерии развија способност за разградување на разни видови пластика која вообичаено се наоѓа во предметите и амбалажата за еднократна употреба.

Истражувачи од Универзитетот Хокаидо сега открија нов вид на бактерија која може да јаде пластика која вообичаено се користи во производството поради фактот што се смета еколошки прифалитва поради биоразградувањето на копно. Меѓутоа, во вода таа пластика долго ги загадува океаните и другите водени површини.

- Advertisement -

Станува збор за матерјалот наречен полибутилен сукцинат и вообичаено се користи за вреќи за компостирање и амабалажа за угостителство. Истражувачите сега успеале да го одредат ензимот одговорен за разградување на PBS во споецифичен вид бактерии и го нарекле PBSase. Потоа отишле чекор подалеку и тој ензим го ставиле во обичната морска бактерија ешерихија коли за да ја направат поефикасна во разградувањето пластика.

Сега тие го истражуваат потенцијало на бактериите кои јадат пластика за примена во биоремедијација, каде што би можеле да се користат за чистење на пастичниот отпад во светот.

- Advertisement -

Иако овие микроорганизми кои ја разградуваат пластиката даваат надеж, постојат препреки кои треба да се надминат. Природните бактерии разградуваат пластика многу бавно, што можеби нема да биде доволно брзо за да држи чекор со стапката на загадување.

Шокрај тоа, мора да се земе предвид влијанието на разградувањето пластика врз животната средина, како што се микропластиката и други хемиски соединенија. То векот на процесот на разградување бактериите испуштаат СО2 како нуспроизвод, што може да доведе до поголемо загадување на Земјата.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Raw Pixel)

Сподели!
- Advertisement -