Кина тврди дека нивниот четбот ERNIE го достигнал нивото на американскиот Chat GPT 4

- Advertisement -

Кинеската компанија Baidu ја претстави најновата верзија на четботот ERNIE 4.0 и соопшти дека тој го достигнал нивото на конкурентниот производ Chat GPT 4на американската компанија Open AI по капацитетот на меморијата.

Во Кина се произведени најмалку 130 големи јазични модели базирани на AI, што е 40% удел во светското производство. Уделот на САД е 50%, пренесува британски Eсonomist.

- Advertisement -

Новиот ERNIE бот ни во еден аспект не е инфериорен во однос на GPT-4, соопшти извршниот директор на компанијата Baidu, милијардерот Робин Ли. Тој демонстрираше како ERNIE може да генерира реклама за автомобил во рок од неколку минути, да реши сложени математички проблеми и да создаде заплет за роман за боречки вештини буквално од нула.

Ботот главно работи на мандарински кинески, а исто така е во состојба да обработува прашања и да дава одговори на англиски на помалку напредно ниво.

- Advertisement -

Ли вели дека четботот е значително подобрен во смисла на разбирањето на прашањата, генерирањето сложени одговори и меморијата.

„Секогаш сме се жалеле дека вештачката интелигенција не е доволно паметна, но денес таа разбира речиси се што ќе кажете, а во многу случаи и подобро вез разбира од вашите пријатели и колеги“ вели Ли.

- Advertisement -

Некои критичари сметаат дека новите понуди на кинеските компании ќе поттикнат ривалство меѓу САД и Кина на полето нови технологии, но Ли го отфрла тоа тврдење и вели дека ERNIE не е алатка за конфронтација меѓу Вашинготн и Пекинг.

(Bizlife)

(фото: Baidu)

Сподели!
- Advertisement -