Xiaomi ја предаде документацијата за патентирање на новиот концепт кој е поврзан со безжично полнење електрични возила. Патентот не е комплетен и е малку сложен ако се земе предвид моментално достапната технологија, така што не треба да го очекуваме многу наскоро. Но, станува збор за многу интересен концепт и може да послужи како основа за подобри решенија.
Во патентот се опишува мал товарен автомобил со батерија, кој им приоѓа на возилата користејќи автономна технологија и автоматски се позиционира, а потоа и се поврзува со електричното возило пред да почне процесот на полнење. Според предадените шеми, голем калем се прицврстува за возилото и стои така во текот на полнењето.
Јасно е дека патентот е само груба скица на она што го замислиле во Xiaomi затоа што постојат повеќе прашања отколку одговори. На пример, ако ова значи полнење на паркирани автомобили, тогаш е многу покомплицирано во однос на стандардното полнење со кабли. Замислете само еден паркинг полн со електрични возила и исто толку мали роботи кои ги полнат автомобилите.
Алтернативно, може елекричниот автомобил ќе се прикачува како приколка и ќе се полни во текот на возењето, но тоа би имало потреба од напредок во возилата и полначите за батериите на возилата да може да ја поднесат влезната енергија и истовремено да го стартуваат моторот.
(Klix.ba)
(фото: Xiaomi)