Appleсе подготвува за уште еден настан за лансирање на производи, кој ќе се одржи на 31 октомври во 2 часот наутро. Компанијата почна да испраќа покани за сите да се приклучат на настанот наречен Scary Fast на Apple.com и на YouTube откако се појавија гласини дека Apple подготвува ажурирање за Mac линијата на производи.
Страницата на Apple за настани прикажува анимација на логото на Apple, кое се претвора во иконата Finder, што дополнително сугерира дека стигнува нов Mac уред. Претходно неделава Марк Гурман од Bloomberg извести дека Apple биможел да подготви изненадувачки настан за лансирање на производи фокусиран на Mac.
Моментално се нагаѓа дека Apple би можел да открие освежен 24-инчен iMac, заедно со новиот модел на MacBook Pro. Како што известува Гурман, почнале да се празнат залхите на 14-инчни и 16-инчни MacBook Pro уреди и iMac компјутери, што може да укажува на наскоро претставување на други уреди.
Претходните гласини сугерраа дека новите компјутери може да вклучуваат Apple M3 чип за уште побрза изведба. Тој скок на брзината може да биде она на што алудира Apple со името на настанот Scary Fast Иако Apple обично претставува нови iPad во октомври, аналитичарот на Apple, Минг-Чи Куо сугерира дека можеби нема даима ажурирања до идната година.
Apple неодамна го одржа својот последен настан „Wonderlust“ во септември годинава, кога ја претстави новата линија на iPhone 15, ажурирања за Apple Watch и AirPods Pro со отвор за полнење USB-C. Компанијата минатата недела претстави и поевтина верзија на Apple пенкалото компатибилно со USB-C.
(Vidi.hr)
(фото: Trusted Reviews)