Разговараме со Елинда Стојанова Милошеска, Лидер за дигитална трансформација во А1 Македонија и воедно предавач на „A1 Academy”.
На 31 октомври започнува модулот дигитален маркетинг. Како една од предавачите на академијата, објаснете ни зошто младите треба да бидат дел од неа и кои дигитални вештини ќе ги стекнат?
Дигиталниот маркетинг е тема што не може да се избегне во модерното време и во последнава деценија станува примарен дел од самиот процес на дигитализација. Кога Елинда ја препозна важноста на дигитален маркетинг и што те привлече во оваа област?
Маркетиншката перцепција драматично се промени во последниве години со растот на дигитализацијата. Еволуцијата на дигиталното купување и информатичката технологија секојдневно создаваат нови предизвици во маркетинг секторот со оглед на тоа што дигиталниот маркетингот и социјалните медиуми имаат значително влијание врз однесувањето на потрошувачите, а бизнисите се принудени да бараат нови начини да се доближат до процесот на донесување одлуки на потрошувачот. Тука пред се голема улога игра персонализацијата која ни се овозможува благодарение на колачињата и податоците со кои располага вештачката интелегенција.
На почетокот кон дигиталниот маркетинг ме привлече можноста за креативност која што ни се дава, а сега ме фасцинира можноста за мерење на резултатите што не е случај кај традиционалниот маркетинг. Штом го открив ова како ново поле од дигиталниот маркетинг, веднаш знаев дека ова е областа во која што сакам да се наддоградувам.
Алгоритмите секогаш ме држат будна и дефинитивно ова е поле што расте со огромна брзина и секогаш создава нови можности за учење и успеси.
Како наједноставно ќе објасните што е дигитален маркетинг?
Дигиталниот маркетинг e комуникација со потенцијалните клиенти. Дигиталниот маркетинг е исто така оддржување на секојдневна комуникација со постоечките клиенти. Дигиталниот маркетинг е делот од маркетингот што овозможува близина со клиентите. Вистинскиот дигитален маркетинг е мостот помеѓу клиентот и брендот. Тука е да помогне за добра одлука и на крај за продажба.
Кој може да се бави со дигитален маркетинг?
Секој кој е креативен и е жеден за знаење. Како што веќе напоменав дигиталниот маркетинг бара константно учење на новите алатки, на новите алгоритми. Дигиталниот маркетинг е низа тестирања за да се дојде до вистинскиот начин за комуникација со клиентите. Така да покрај креативност и желба за знаење, би кажала дека добриот дигитален маркетер треба и да е упорен во својата цел.
Дали може да констатираме дека модерните компании не можат без дигитален маркетинг?
Без дигитален маркетинг неможе ниту една компанија. Сведочиме дека и најмалите компании за шарки имаат активни профили на социјалните медиуми и активни email известувања.
Модерните, големите компании и компаниите кои сакаат да растат несмеат да замислат да функционираат без подлабоката употреба на дигиталниот маркетинг, без тестирање, мерење и константно подобрување. Клиентот сака да го има брендот во близина, сака да биде дел од брендот и да учествува во секојневните понуди на брендот. Ако денес сме далеку од клиентите и не сме им присутни на паметните уреди, утре ќе биде доцна. Клиентот ќе биде оддалечен од нас како бренд.
Како експерт во областа на дигитален маркетинг, и како еден од предавачите на A1 Academy дали сметате дека учесниците ќе бидат подготвени да влезат во светот на дигиталниот маркетинг?
Верувам дека секој што има шанса да слушне искуства и совети од големите корпорациски управувања со дигиталните канали има голема предност во својата кариерна насока. Јас и Дарко ќе дадеме се од себе за да ги доближиме до она што им е потребно за успешен кариерен пат.
Кои вештини ќе ги стекнат учесниците по завршување на курсот?
Пред се ќе ја стекнат навиката да ги мерат и репортираат своите резултати. Можеби звучи сувопарно, но дигиталниот маркетинг не е само пост на социјалните медиуми или блог на некоја веб страница. Дигиталниот маркетинг е, односно треба да биде data-driven маркетинг. Така да, по завршување на овој курс учесниците ќе бидат спремни да се соочат со светлата и темната страна на дигиталниот маркетинг. Ќе бидат спремни да работат на кампањи до нивно усовршување.
Кој е твојот совет за идните учесници на академијата?
Ова е совет од мојата директорка која често ни го дава нам, па јас ќе го споделам со сите. Треба да учиме најмалку онолку брзо колку што се случуваат промените, само така ќе бидеме во тек со технологијата.
Затоа и целта на овој курс е убава и здрава насока каде треба да се насочат учесниците и на што треба да внимаваат ако сакаат да бидат конкурентни на пазарот на трудот.